Skip to content
академија за човечки ресурси скала school ментори

Запознајте ги менторите на Академијата за човечки ресурси!

Секој ментор на Академијата за човечки ресурси носи со себе значајно искуство во управување со таленти, развој на стратегија за регрутирање и решавање на проблеми во областа на човечките ресурси.

За да ви ги доближиме нивните личности и успеси, одлучивме да ви ги претставиме нивните биографии преку коишто ќе дознаете колку се значајни овие ментори, кои се нивните професионални достигнувања и какво влијание имаат врз нашите студенти во „Скала“.

Ви ги претставуваме менторите на Академијата за човечки ресурси!

 

 

Александар Радически

академија за човечки ресурси скала school ментори

Менторот Александар Радически е Talent Acquisition Manager со над 13-годишно искуство во човечките ресурси. Тој работи во американската компанија RLDatix каде што води тим од 7 регрутери во Македонија и Велика Британија и им помага на своите тимови во пронаоѓањето на вистинските луѓе за потребите на компанијата во Европа и Азија.

Претходно, работел како Recruitment Manager во повеќе компании, како што се: Web Factory LLC, INSCALE Global и Crazy Labs и како консултант за вработување во IT-секторот во Airbus Defence and Space и Seavus.

Во слободно време, Александар ужива во кошарка или snowboarding, а создавањето на спомени со семејството му е секогаш на прво место!

 

 

Моника Ризовска

академија за човечки ресурси скала school ментори

Моника Ризовска е „Employer Branding“ маркетер со над 12 години искуство во ИТ-индустријата. Работела во Seavus, Endava и Cosmic Development, а била и консултант во бројни интернационални ИТ-компании и стартапи.

Таа е основачка и Global Community Director на Women in Tech, како и коосновач и претседателка на Ways2Help – организација за помош на социјално загрозени лица.

Покрај employer branding, има пасија за јавно говорење и учество на хакатони и конференции на коишто има освоено многубројни тимски и индивидуални награди.

Активно придонесува како ментор, судија и организатор на технолошки настани и како амбасадор на Македонија во Women in Tech иницијативата, со долгогодишно искуство во консултантство и менторство за развој на брендови, продукти и кризна маркетинг- стратегија.

 

 

Иван Јованов

академија за човечки ресурси скала school ментори

Иван Јованов е едукатор, тренер, фасилитатор и младински работник со над 10 години искуство во граѓанскиот сектор. Во моментов е основач и извршен директор на Lead каде што го координира оперативното работење на организацијата.

Магистрирал политички науки на Правниот факултет „Јустинијан Први“. Во 2010г., случајно се нашол на една обука за личен развој којашто го инспирала да си ја „најде“ професијата и да го работи тоа што го прави денес. Тој секогаш вели: „Без личен развој, нема организациски развој“.

Со неговиот стремеж за градење од „нула“, досега помогнал во градењето на три невладини организации: LEAD, Youth Can и Националниот младински совет на Македонија.

Надвор од работата, прави психофизички баланс преку трчање на полумаратони.

 

 

Погледни ја Академијата за човечки ресурси на „Скала“

 и инвестирај во својата кариера.

 

 

Ана Накевска

академија за човечки ресурси скала school ментори

Ана Накевска е HR Operations Manager во американската компанија RLDatix каде што активно работи на управувањето со човечките ресурси.

Нејзина страст е истражувањето на динамиките на социјалните системи што во 2021 година ја води до позицијата Lead HR Manager во INSCALЕ каде што се фокусира на дизајнирање и имплементирање на HR-стратегии, управување со глобални HR-проекти и решавање сложени предизвици поврзани со вработените.

Претходно, Ана работела како истражувач во Rating Agency и како програмски координатор на Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје каде што и дипломирала во областа на психологијата.

Надвор од корпоративниот свет, 6 години била дел од Центарот за интегрална јога.

 

 

Елизабета Саздовска

академија за човечки ресурси скала school ментори

Елизабета Саздовска е координатор за управување со човечки ресурси во NLB Банка со над 10 години искуство во HR. Позната е по своите одлични комуникациски и интерперсонални вештини и е лидер и специјалист за развој на иновативни и ефективни HR-стратегии.

Лиценцирана е во фасилитирање на работилници и организација на обуки, а нејзината работа е насочена кон создавање позитивна работна култура и поттикнување на вработените да ја достигнат својата најдобра верзија, придонесувајќи кон одржлив успех на организацијата.

Елизабета го започнала својот професионален пат во време кога управувањето со луѓе добиваше ново значење, што ѝ овозможи пристап до светски трендови и алатки во HR коишто успешно ги прилагоди и имплементираше на локалниот пазар, особено кога станува збор за HR-стратегии за големи корпорации.

 

 

Бинаса Дрндар

Бинаса Дрндар е искусен Human Resources Specialist во INSCALE, со значајно професионално искуство во човечки ресурси и проектно управување.

Претходно работела како HR Specialist во Radix Technologies (во Швајцарија и Европа), проектен координатор во Институтот за дизајн и технологија во Скопје и HR Coordinator во BEST Skopje.

Бинаса има магистерска диплома од Архитектонскиот факултет и е алумни-студентка на Академијата за визуелни уметности во „Скала“.

Како мултидисциплинарен креативец, беше и главна уредничка на „Скала магазин“!

 

 

Во тек се уписите на нови студенти за учебната

2024/25 година. Закажи средба!

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: