Разговаравме со Александар Радически и Ана Делчевска, ментори на Академијата за човечки ресурси и регрутација на „Скала“ кои работат во HR-секторот на американската компанија RLDatix.
Тие ни раскажаа повеќе за нивните позиции, значењето на HR како професија и програмата на Академијата за човечки ресурси и регрутација.
Менторите на „Академијата за HR и регрутација“ се вработени во американската компанија RLDatix
Ана Делчевска е HR Operations Manager, со фокус на рационализација на основните HR-процеси и оптимална искористеност на HR-системите. Нејзината работа е насочена кон континуирано подобрување и усовршување на сите аспекти од управувањето со човечките ресурси.
Александар Радически е Talent Acquisition Manager, улога којашто вклучува менаџирање на тимови за селекција на нови вработени, креирање и имплементација на стратегии за привлекување на таленти, како и мониторинг и поддршка на останатите тимови вклучени во процесот на селекција на нови вработени за потребите на компанијата на ниво на Европа.
„Мојата секојдневна работа вклучува динамична интеракција со тимовите и потенцијалните кандидати што е еден од аспектите на работата којшто ме воодушевува најмногу“ – вели Александар.
Инаку, RLDatix е компанија чијашто мисија е да го унапреди здравството, овозможувајќи му побезбедни и поефикасни здравствени услуги. Cloud-системите на RLDatix ги користат преку 4000 здравствени установи и притоа, го оптимизираат искуството на стотици милиони пациенти ширум светот. Станува збор за најголемата софтверска компанија во светот посветена исклучиво на безбедноста на пациентите, со над 2.000 вработени во Велика Британија, Европа, Блискиот Исток, Австралија, Канада и САД.
Значењето на HR во компаниите
HR управува со најважниот ресурс на компанијата – луѓето, обезбедувајќи ефикасно функционирање и задоволство на вработените. Тоа вклучува регрутирање, обука, развој на таленти, решавање на конфликти и создавање квалитетни работни услови во компанијата.
„HR-одделот треба да обезбеди целисходно разбирање на организацијата и да го олесни усогласувањето на целите на вработените со целите на организацијата. Ова усогласување почнува дури и во фаза на регрутација – регрутерот го бара кандидатот кој ќе може успешно да придонесе кон целите на организацијата, а притоа да не ги компромитира сопствените цели, туку идеално да ги зајакне“ – ни објасни Ана.
„Талент-тимот, а воедно и јас како дел од истиот, сме задолжени да го пронајдеме идеалниот кандидат за секоја позиција кој ќе биде најадекватното решение од аспект на потребите на RLDatix, но и работната позиција да биде идеално место за потенцијалниот кандидат за да имаме win-win ситуација и на двете страни“ – додава Александар.
☆
Погледни ја програмата на Академијата за човечки
ресурси (HR) + регрутација на „Скала“
☆
Што треба да поседува секоја личност која размислува за преквалификација во HR-секторот?
Ги прашавме менторите за особините коишто треба да ги поседува секоја личност која размислува за преквалификација во HR-секторот.
„Изразена способност за решавање проблеми, резилиентност, стратешко размислување, холистичка перспектива, посветеност на континуирано учење, ефективни комуникациски вештини и етички интегритет. Со овие атрибути, поединците можат да се истакнат во улогата на HR и значајно да придонесат за успехот на организацијата“ – вели Ана.
Александар истакнува дека една од клучните вештини коишто луѓето во HR треба да ја развиваат е критичкото размислување. Оваа вештина ги подобрува способностите за донесување одлуки и им помага на HR-менаџерите да пристапат кон проблемите од различни агли и да разликуваат лажни од вистински информации.
Академијата за човечки ресурси и регрутација во „Скала“
Академијата за човечки ресурси и регрутација на „Скала“ е сеопфатна HR-програма којашто им овозможува на студентите да се стекнат со практични знаења и вештини.
Според менторот Александар, студентите на Академијата ќе започнат со изучување на клучните аспекти на регрутирањето, вклучувајќи дефинирање на побарувањата и очекувањата за позицијата, стратегии за подготовка и спроведување на регрутирањето, како и управување со кандидатите. Потоа, со помош на менторите, ќе се фокусираат на персонализираниот пристап и техниките за интервјуирање за точна проценка на кандидатите. На крај, ќе анализираат податоци од процесот за идентификување на успешните практики и области за подобрување.
„Водена од искусни и вешти инструктори со долгогодишно практично искуство, заедно со остроумни гости-говорници, програмата обезбедува суштинска и богата средина за учење и напредок“ – вели Ана.
☆
Време е за одлука! Погледни ја Академија за човечки ресурси (HR) + регрутација на „Скала“ и инвестирај во својата кариера!
☆
Можности за кариера по завршување на HR Академијата
По завршувањето на Академијата, студентите ќе имаат широк спектар на кариерни можности, како што се: HR Generalist, Junior HR Recruitment Coordinator, HR Operations Junior Associate, HR Manager, Talent Acquisition Manager и многу други улоги.
Менторката Ана Делчевска вели дека по завршување на Академијата, студентите ќе бидат подготвени веднаш да донесат вредност во компаниите. Според неа, можностите за кариера се различни и ќе зависат од интересот којшто ќе се развие кај секој студент.
„Некој ќе се пронајде во сферата на регрутација, некој во специјалистичките домени како учење и развој на вработени, друг во генералистичките води каде што се управува со искуството на вработените, трет може да изненади со иновативен спој меѓу две дисциплини. Можности постојат многу, преостанува само желба и визија!“ – вели Ана.
♡
Во меѓувреме, во тек се уписите на нови студенти
за учебната 2024/25 година.
Закажи средба со наставниот кадар на „Скала“ и запознај се со програмата, условите за студирање и можностите по завршување на Академијата.