Нашата Школа за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“, по повод својот јубилеј – една деценија постоење, се преродува во Скала – Школа за дизајн, уметност и технологија. 🥳
Како растевме…
2012 • ПРВ ЧАС
На трети мај, во Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“, се одржа првиот час!
Покрај едукативната дејност, школата активно ги промовираше развојот и делата на студентите преку културни настани: изложбени поставки, филмски премиери, литературни промоции…
Општествено ангажирани, во редовна комуникација со креативната заедница, „Џолев и уметностите“ во континуитет организираше јавни расправи и предавања на теми блиски на уметноста, дизајнот и културата.
Во првите пет години, беа активни повеќе од 20 едукативни обуки за возрасни и деца.
2017 • ПРВАТА АКАДЕМИЈА ЗА ДИЗАЈН
Им посакавме добредојде на првата генерација студенти на Академиите за визуелни уметности и моден дизајн, под водство на менторски колегиум од еминентни универзитетски професори и професионалци од дејностите.
Единствената школа којашто им овозможува на студентите: современо фото и видео-студио, технолошка лабораторија со таблети за цртање и 3Д-принтери, комплетно опремено модно и сликарско ателје.
2019 • СЕ ОСНОВАШЕ ИНСТИТУТ ЗА ДИЗАЈН И ТЕХНОЛОГИЈА – ИДТ СКОПЈЕ
Со оформувањето на Institute of Design and Technology – IDT Skopje, со цел развој и поддршка на иницијативи и проекти од креативните индустрии, започнаа и нови академии за product owner и ux-ui дизајн.
2020 • ДОБРЕДОЈДЕ SKALA MAGAZINE
Jа лансиравме Skala Magazine – платформа за дизајн и современа уметност чија примарна цел е промоција на млади креативци, нивно поврзување со индустријата и поддршка на културните настани и сцена. Скала оваа година беше препознаена и стана дел од две важни платформи: Sphera – платформа на алтернативни медиуми во Европа и„Youth Newsroom” – балканската платформа на алтернативни медиуми.
2022 • НИЕ СМЕ СКАЛА!
Поради сите овие тимски успеси и моментално активни повеќе од 60 ментори на 30 едукативни програми каде се едуцираат над 300 студенти годишно, на огромно задоволство и одговорност, одлучивме: НИЕ СМЕ СКАЛА – Школа за дизајн, уметност и технологија!
Продолжуваме да растеме заедно! ♡
Не заборавајте, уписите за новата академска година 2022-23 се во тек!
АКАДЕМИИ 2022-23 • ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН • ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ • МОДЕН ДИЗАЈН • ЕНТЕРИЕР И ПРОДУКТ ДИЗАЈН • UX/UI • PRODUCT OWNER.
Повеќе информации: 076 266 740
[email protected]
[email protected]
НАША ДОЛЖНОСТ Е ДА ГИ ПРЕПОЗНАЕМЕ КВАЛИТЕТИТЕ НА СЕКОЈ СТУДЕНТ!