Skip to content
скала-академии-парадигма-излозба-78-студенти-излозуваат

78 АВТОРИ ИЗЛОЖУВААТ НА „ПАРАДИГМА“





ШКОЛАТА ЗА ДИЗАЈН И УМЕТНОСТ „ЏОЛЕВ И УМЕТНОСТИТЕ“, ВО СОРАБОТКА СО ИНСТИТУТОТ ЗА ДИЗАЈН И ТЕХНОЛОГИЈА, ВО „ЈАВНА СОБА“, НА 16 ОКТОМВРИ ЌЕ ЈА ОТВОРАТ ИЗЛОЖБАТА „ПАРАДИГМА“, КОЈА ПРЕТСТАВУВА ЗАВРШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ ОД АКАДЕМИИТЕ ЗА ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ, МОДЕН ДИЗАЈН, ПРОДУКТ ДИЗАЈН И ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН, ОД ГЕНЕРАЦИЈА 2019/20.




Оваа година ќе бидат претставени повеќе од 400 дизајн решенија, концепти и уметнички артефакти во пет концепирани хали. Осврт за изложбата даде оперативниот директор на школата, Бинаса Дрндар

„Станува збор за најзначајната и најмасовната дизајн ноќ во годината. Таа вечер во публиката покрај нашите пријатели и соработници, ќе бидат и најзначајните компании од креативните индустрии во потрага по своите идни колеги, што е практика изминатите неколку години.“ 


Студентите ќе се претстават во неколку категории и медиуми: фотографија, филм, графички дизајн, моден дизајн, индустриски и продукт дизајн. [линк до настанот]

 

 

 

СТУДЕНТИТЕ НА ПРАКСА

 

Изложбата е последниот чекор пред студентите да заминат на работна платена пракса во најзначајните компании од креативните индустрии.

Имено, неодамна се одржа настан на кој студентите од академските програми, јавно ги презентираа своите портфолија. На овој настан од особено значење беше поврзувањето на студентите со наши реномирани компании кои го поздравија овој настан и им дадоа можност на студентите да посетуваат пракса во: New Moment, Koma – design studio, McCann Skopje, Publicis, Seavus, Pointer, Novatone Group, Cosmic Development, CodeWell, Friday Communications, Vinset Grafika, Heppiness marketing, Bella, Okitex и модната куќа Waescheflott од Виена, Австрија.  

Како што нѐ информираше наставниот координатор на школата Кристина Крагујевска

 

„Настанот е дел од предметите „Развој на лична кариера“ и „Бренд Менаџмент“ кои се единствени предмети од ваков тип во неформалното образование со цел да им помогне на студентите во нивниот понатамошен професионален развој и трајно вработување“.

 

 

ГЕНЕРАЦИЈА 2020/21

 

Уписите за новата генерација 2020/21 се во завршна фаза. Од Џолев и уметностите истакнуваат дека оваа учебна година се овозможени 80 слободни места и тоа на Академијата за визуелни уметностиАкадемијата за ентериер и дизајн на мебелАкадемијата за графички дизајн и Академијата за моден дизајн

Учебната година започнува на 16 октомври, под исклучително високи стандарди и мерки пропишани од Министерството за здраство, каде дополнително секој студент може да избере дали програмата ќе ја следи со физичко присуство или комбиниран начин – теоретскиот дел онлајн, додека практичниот со физичко присуство. 

 

ПАРАДИГМА // 16 ОКТ. / 19:00Ч. // ЈАВНА СОБА


УЧЕСНИЦИ: Наталија Ристова, Магдалена Аврамовска, Ана Рунчева, Милан Димитриев, Марија Кошевец, Сара Саралиева, Владо Србиноски, Долорес Соколова, Магдалена Филипова, Ивана Пекевска, Ангела Митреска, Благој Младеновски, Илијана Такашманова, Коста Пановски, Никола Панов, Марија Јаќовска, Марио Манески, Сара Кирјас, Бојан Матејин, Симона Руменовска, Диме Данов, Александра Донева, Антонио Станков, Александар Вучковски, Елена Стојковска, Магдалена Донеска, Александра Таушанов, Ева Таневска, Христина Младенова, Ана Франгова, Никола Јовановски, Катерина Димитровска, Медина Усеин, Марија Цвеевска, Кристијан Тргачевски, Ангела Настевска, Ена Стојанова, Душко Сековски, Роберт Вучковски, Кристина Ристовска, Горазд Атанасоски, Кристина Стојчевска, Анастасија Андова, Мимица Кузманова, Милена Митровска, Јордан Ѓорески, Никола Тодоровски, Христина Пешевска, Дарко Цапан, Маја Анчевска Цветковска, Пецо Данајловски, Александра Јаќоска, Славица Цабеска, Мартина Салова Чешновар, Драгана Трајкова, Toме Aрсов, Теодора Ангелевска, Марко Тодоровски, Александра Маџоска, Андреа Маркоска, Александра Јаќоска, Алпај Мемедовски, Иван Каратанов, Петар Иванов, Маја Анчевска, Матеј Совкаровски, Калина Сејфула, Фрањо Доминик Матиќ. 

 




_____
Дизајн на постер: Коста Пановски
Фотографија: Филип Бојковски

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: