Skip to content
студенти на скала школата за дизајн го презентираат своето портфолио пред компании од креативните индустрии

Од Академија до првите професионални можности

На 17 септември, просториите на Скала беа точка на средба помеѓу новата генерација студенти и компании од креативната индустрија.

 

 

 

На Creative Talent Showcase 2026, студенти од пет Академии ги претставија своите проекти, портфолија и професионални интереси пред компании од креативните индустрии, со цел: запознавање, поврзување и отворање можности за вработување, проекти и идни соработки.

Настанот беше организиран во три различни формати: SHOWROOM за фотографи и ентериер дизајнери, PITCH STAGE за графички дизајнери и маркетери и SCREENING ROOM за Video Content креатори. 

 

 

 

 

Но тоа беше само формата, најважни беа разговорите што се случуваа меѓу нив. Студентите стоеја зад сопствената работа, ја презентираа својата идеја, го објаснуваа процесот и директно разговараа со луѓето од индустријата за своите интереси, знаења и амбиции. 

Концептот на настанот беше создаден токму за од тие средби да произлезат пракси, интервјуа, junior позиции, ангажмани и идни соработки. 

 

 

Од академија кон професија

За нас во Скала, образованието не завршува со последниот час на предавање.

Еден од најважните делови од студирањето е студентите постепено да станат видливи пред индустријата и да добијат простор во кој нивното знаење може да прерасне во реална професионална можност.

Токму затоа Скала низ годините гради мрежа од над 100 компании пријатели и соработници, во кои наши студенти се вработувале, реализирале проекти и започнувале професионални соработки.

Creative Talent Showcase е уште еден чекор во градењето на таа платформа.

Зад секое портфолио постои личност. Компаниите не го вработуваат најдобриот дизајнер, фотограф или маркетер, тие се обидуваат да ја препознаат најдобрата личност за нивниот тим, култура и систем на вредности. Токму затоа сметаме дека оваа форма на настан е најапликативна за потребите на компаниите: директно да ги запознаат студентите.“
Дејан Џолев, Основач и директор на Скала

 

студенти на скала школата за дизајн го презентираат своето портфолио пред компании од креативните индустрии од академија за графички дизајн фотографија ентериер и внатрено уредување

 

 

студенти на скала школата за дизајн го презентираат своето портфолио пред компании од креативните индустрии од академија за графички дизајн фотографија ентериер и внатрено уредување

 

 

 

Портфолио, кафе и разговор

Во атмосфера со музика, кафе, изложени проекти и постојано движење низ просторот, формалната дистанца меѓу „студент“ и „компанија“ брзо исчезна. 

Токму зоната за неформални разговори беше замислена како продолжение на професионалното претставување, место каде запознавањето може природно да продолжи и по презентацијата. 

„Најмногу ми значеше што не го покажав проектот само пред менторите и колегите. За првпат разговарав за мојата работа со луѓе кои утре можеби ќе ми бидат клиенти или работодавци.“
Изјави Елена, студентка на Академијата за графички дизајн.

 

 

дејан џолев скала школа за дизајн академија

 

 

 

Од училница. До портфолио. Од портфолио, до индустријата. Скала по скала.  

Не учи само за да завршиш Академија. Учи за она што доаѓа потоа.

 

Доколку се уште размислуваш да смениш професија, да го надградиш тоа што веќе го знаеш или конечно да ѝ дадеш шанса на својата креативност, ова е последниот повик за стипендии за академската 2026/27 година.

 

АПЛИЦИРАЈ ЗА СТИПЕНДИЈА // ТУКА:

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: