Skip to content
еден ден во професијата скала академии најавен постер

Еден ден во професијата: 5 бесплатни работилници во Скала

Како реално изгледа еден работен ден во професијата што сакаш да ја работиш?

 

Од страна, многу професии изгледаат интересно.

Графичкиот дизајн изгледа креативно.
Фотографијата изгледа кул.
Video Content е една од професиите што денес ги гледаме буквално насекаде.
Можеби црташ облека уште од мал/а.
Или, пак, секогаш си сакал/а да уредуваш простори.

Но сосема друго прашање е:

Како реално изгледа да работиш нешто од тоа?

Токму затоа во Скала ја организираме бесплатната практична работилница: „Еден ден во професијата“. Ова не е класична презентација на која ќе седиш и ќе слушаш. Напротив. Ќе работиш!

 

скала школа академија за дизајн нови простории
Скала – Центар (до Влада на РСМ)

 

Што всушност ќе се случува?

При пријавувањето избираш една од петте професии што најмногу те интересира. Кога ќе дојдеш во Скала, ќе добиеш реален brief – задача каква што еден ден би можел/а да добиеш од клиент или во компанијата во која ќе работиш. Во зависност од професијата што ќе ја избереш, ќе добиеш свој работен простор, соодветни алатки и целосна опрема обезбедена од Скала. Ќе имаш и колеги, ќе има пауза, ќе има ред, правила, слобода, и секако – deadline 🙂

  • Фотографите и Video Content Creator-ите ќе работат во фото и видео студиото на Скала, со професионална опрема.
  • Модните и ентериер дизајнерите ќе работат во атеље, со сите потребни материјали и алатки.
  • Графичките дизајнери ќе имаат свој простор и опрема за работа.

Ти треба само да дојдеш. За сè останато се грижиме ние.

И да, на крајот ќе прославиме и на нашиот rooftop.

 

Што е целта?

Ако размислуваш што сакаш да учиш или со што сакаш да се занимаваш во иднина, ова е можност барем за кратко да го видиш тоа во реална работна ситуација.

Најважното е што на крај од работилницата ќе добиеш одговор.

Можеби ќе си кажеш:

„Да. Ова стварно ме интересира.“

 

А можеби:

„Хм… сепак ова не е за мене.“

 

И двата одговори се важни. Затоа што подобро е да ја пробаш професијата пред да донесеш голема одлука за неа.

 

 

За кого е работилницата?

„Прв ден во професијата“ е наменета за сите што размислуваат за нов професионален правец. Можеби работиш, но сакаш промена на кариерата. Можеби завршуваш факултет или средно образование и сè уште не си сигурен/на што понатаму. Не ти е потребно портфолио. Не ти е потребно претходно знаење. Потребна ти е само љубопитност.

 

Зошто ја правиме оваа работилница?

Не избирај професија само затоа што моментално е тренд. Не избирај професија само затоа што некој ти кажал дека има работа. И не избирај професија само затоа што добро звучи кога ќе кажеш што работиш. Прво види како изгледа. Уште подобро: Прво пробај ја!

Ако сакаш да бидеш дел од „Прв ден во професијата“, пријавувањето е едноставно. Избери ја професијата што те интересира и дојди да го поминеш својот прв работен ден со нас во Скала. Се гледаме во Скала.

 

ВРЕМЕ И МЕСТО

3 октомври (сабота)

12:00 – 15:00
„Прв работен ден“ – работилници за:
Графички дизајнери / максимум 12 учесници
Фотографи / максимум 9 учесници
Video Content Creator-и / максимум 9 учесници

14:00 – 17:00
„Прв работен ден“ – работилници за:
Модни дизајнери / максимум 12 учесници
Ентериер дизајнери / максимум 15 учесници

Локација: Скала / Центар


РЕГИСТРИРАЈ СЕ 

► Регистрирајте го твоето учество со пополнување на оваа форма:

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: