Ако размислуваш како да го надградиш знаењето или целосно да го промениш кариерниот правец, Отворениот ден во Скала е можност одблизу да ги истражиш опциите пред да ја донесеш следната одлука.
На 23 септември (среда), со почеток во 18:00 часот, Скала ги отвора вратите за сите што сакаат лично да се запознаат со академиите, менторите, начинот на работа и можностите за кариера по завршувањето на академијата.
Зошто да дојдеш на Отворениот ден?
Отворениот ден не е само информативна сесија. Тоа е можност да добиеш појасна слика за професионалниот правец што го разгледуваш и директно да разговараш со луѓето кои се дел од индустријата и образовниот процес.
На настанот ќе можеш:
- да видиш како се организирани академиите и како изгледа процесот на учење;
- да се информираш за програмите, динамиката и методологијата на предавањата;
- лично да ги запознаеш менторите и алумни студентите;
- да поставиш конкретни прашања поврзани со професијата што те интересира;
- да дознаеш повеќе за пракса, вработување, работа на реални проекти и градење професионално портфолио.
Учеството е бесплатно, со задолжителна регистрација – подоле во текстот.

Кои академии можеш да ги запознаеш?
За време на Отворениот ден ќе можеш директно да разговараш со тимот и менторите и да добиеш одговори на сите прашања поврзани со академиите за:
- Графички дизајн, креативна примена на АИ и визуелни комуникации
- Video Content Creation
- Ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација
- Моден дизајн
- Фотографија
Разговор за образование, професија и следниот чекор
Модератор на настанот ќе биде Дејан Џолев, основач и директор на Скала, а фокусот ќе биде ставен на прашањата што најчесто се појавуваат при изборот на нова професионална насока:
Што навистина се учи на академијата? Како изгледа работата во професијата? Какво портфолио е потребно? Колку практична работа има? И што може да следува по завршувањето на академијата?
Посебни поволности за првите 15 пријавени
Првите 15 пријавени за Отворениот ден ќе добијат посебни финансиски поволности за упис на академиите.
А по разговорите и презентациите, ќе имаме и простор за неформално запознавање и вмрежување со менторите, студентите и останатите гости.
Ако размислуваш за промена, надградба или нов почеток во креативната индустрија, дојди да ги запознаеш опциите пред да го избереш следниот чекор.
РЕГИСТРИРАЈ СЕ БЕСПЛАТНО
23 септември 2026 · 18:00 часот · Скала
► Регистрирајте го твоето учество со пополнување на оваа форма:
Почуствувајте ја енергичната атмосфера во Скала на последниот отворен ден:














