„Долго размислував пред да се запишам на академијата, но денес знам дека тоа беше една од најдобрите одлуки што сум ги донела“.
Ни сподели Ева Стојановска, студентка на Академијата за ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација, а денес и Design & Digital Solutions Engineer во Yugoimpex – компанија специјализирана за решенија во производството на мебел и преработката на дрво.
Нејзината приказна е доказ дека практичното знаење, реалните проекти и директниот контакт со индустријата можат целосно да го променат професионалниот правец на еден млад човек.
Ја замоливме да ни раскаже како изгледаше нејзиниот пат, од моментот кога реши да се запише на академијата, па сè до позицијата што денес е дел од нејзиното секојдневие.
Што беше клучно за да се запишеш на Академијата за ентериер и продукт дизајн?
„По струка сум инженер во областа на индустриски дизајн и во текот на студиите ја открив пасијата кон ентериерите. Сакав да стекнам практично искуство и да се запознаам со целиот процес на изработка на дизајн.“
Дали постои модул, предавање, ментор или предмет што посебно ти значи како искуство?
„Секое предавање беше различно, но секое ме туркаше чекор понатаму.
Особено ми беше интересен делот со дизајн процесот и скицирањето на зададена тема кај Апостол (Апостол Тноковски, ментор по предметите продукт-дизајн и 2D скицирање + SketchUp), како и целиот процес додека не дојдеме до нашиот максимум и до конечниот резултат.
Кај Илија (Илија Паунков, ментор по предметите дизајн на ентериер и 3Д моделирање) имавме можност да го поминеме целиот процес — од мерење на простор, планирање и организација, па сè до реализација. Тој е како енциклопедија со информации — секогаш имаше нешто ново да се научи и слушне од него.“

На кој начин ти помогна Академијата во твојот професионален развој и во доаѓањето до твоето работно место?
„Најважно за мене беше тоа што по завршувањето на Академијата добив можност да го претставам моето портфолио пред компании, да одам на интервјуа и, на крајот, да се вработам.
Практичното знаење и проектите од часовите ми помогнаа многу побрзо да се интегрирам во работната средина.“
Нејзиниот работен ден започнува со кафе, а продолжува со дизајн на мебел и технички решенија, користење различни софтвери и онлајн конфигуратори, додека паралелно се запознава со различни типови оков.
Кога ја посетивме, со посебна возбуда ни го покажа showroom-от што самата го уредила во компанијата, убав потсетник дека денес го работи токму тоа што некогаш сакала да го научи.
Кои се најважните карактеристики на успешен дизајнер во современиот свет на дизајн?
„Најважни се креативноста, фантазијата и начинот на размислување дека сè е можно. Токму од таму доаѓаат најдобрите идеи и решенија. А веднаш до тоа се упорноста и желбата за постојан напредок.“

За крај, што би ги советувала сите оние кои размислуваат да започнат да студираат ентериер и продукт дизајн?
„Штом нешто ви звучи интересно и ве привлекува, би советувала секој да си даде шанса и да се испроба во тоа.
Јас долго размислував пред да се запишам на академијата, но денес знам дека тоа беше една од најдобрите одлуки што сум ги донела.
Понекогаш најдобрите работи почнуваат од љубопитност и желба за промена, а ако постои желба за учење, сè друго доаѓа со време и труд.“
Приказната на Ева не застана на академијата, таму само започна, а ние сме среќни што бевме дел од нејзиниот пат кон индустријата.
Ако и ти се гледаш во ваква приказна, можеби ова е твојот прв чекор.
Уписите за Академијата за ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација се во тек.
Можеш да закажеш инфо средба со програмскиот координатор на Академиајта

