Повеќе од 50 претприемачи на мали и средни бизниси, content креатори, го исполнија просторот во „Скала“, како што и најавивме, се бараше место плус.
Немаше „мотивациски“ говори, ниту теории што убаво звучат на сцена, а тешко функционираат во реалност.
Но доколку сакаш само информации, Мастеркласот беше доволен.
Доколку сакаш резултат и развој, ќе треба да седнеме и да го направиме тоа!
Разговорот многу брзо стана директен:
денес не е доволно да имаш добар производ, услуга или идеја, ако не знаеш како да комуницираш, раскажуваш и позиционираш, луѓето едноставно нема да те забележат.
Еден од најважните моменти на вечерта беше прашањето што многумина си го признаваат: „Што ако не сум подготвен да излезам пред камера?“
На тоа, Владимир Ристевски – партнер и креативен директор во „Пиксел“, беше особено директен:
„Денес претприемачите повеќе не можат целосно да се кријат зад брендот. Луѓето сакаат да слушнат човек, став и личност. Ако сакаш доверба — мораш да комуницираш.“

Во продолжение на дискусијата,
се отвори и темата за отпорот што многумина го имаат кон техниката, продукцијата и чувството дека „не знам како тоа се прави“ за почеток.
Лазар Зафировски, Social Media Campaign Manager во Телеком, посочи дека токму тоа е една од најголемите заблуди денес:
„Луѓето често мислат дека прво им треба совршена продукција за да започнат. Но публиката денес многу побрзо препознава искреност, континуитет и релевантност отколку совршено видео. Поважно е да бидеш присутен и реален, отколку перфектен.“


Паралелно со тоа, Мила Раковиќ – тим лидер на дигиталниот сектор во „Пиксел“, зборуваше за уште еден чест проблем: голем дел од луѓето објавуваат содржина без јасна насока, очекувајќи резултати без стратегија.
„Не е доволно само да се објавува. Треба да постои причина, насока и систем. Но истовремено, дигиталните канали бараат и храброст за експериментирање. Не можеш да чекаш да се почувствуваш целосно подготвен.“

Токму затоа, во завршниот дел од настанот беше претставена и новата обука за Content Creation & Influencer Marketing во „Скала“.
Ако сакаш само информации – Мастеркласот беше доволен.
Ако сакаш резултат, ќе треба да седнеме и да го направиме тоа.
Не како уште едно „инспиративно предавање“, туку како практична и интензивна обука за луѓе што сакаат конкретно да започнат: да изградат личен бренд, да научат како се креира содржина, како се комуницира пред камера, како се развива стратегија и како целата таа комуникација да се претвори во реална професионална или бизнис алатка.
Пријавувањето е во тек, започнуваме на 1 јуни!
За сопственици на брендови и мали или средни бизниси, content creators и видеографи, social media creators, инфлуенсери…
Погледни повеќе информации :: програма + ментори: [кликни тука]












