Студентите од Академијата за графички дизајн добија можност да учествуваат во процесот на ре-брендирање на логото за брендот „Collarette“, за позиционирањето на новиот објект во Белград.
Работејќи на реален бриф во инспиративна работна атмосфера на Скала руфтоп, под попладневното сонце, со „чил“ музика – амбиент близок до условите во современи дизајн-студија и креативни маркетинг агенции.
Настанот претставуваше пример како изгледа процесот кога наставата се поврзува директно со индустријата, од бриф до идејно решение.
Зошто соработка со Скала?
Антонио Станков, сопственик на „Collarette“, воедно и поранешен студент на Скала, ги сподели своите цели и очекувања од оваа соработка.
„Скалa ја избрав како партнер за соработка пред сè поради длабоката доверба што ја имам во нивниот менторски тим. Станува збор за професионалци кои,според мене, се меѓу најистакнатите во областа на дизајнот. Нивната посветеност кон квалитет се рефлектира преку успешните алумни, како и тековните студенти.
Целиот процес, воден под супервизија на ваков искусен тим, го сметав како правилно решение. Моите главни цели беа да добијам свежа, креативна перспектива, да се подигне визуелниот и концептуалниот идентитет на повисоко ниво и да се создаде одржлива основа за понатамошен раст.“
Collarette е студио и галерија специјализирана за фотографирање на ирисот на окото и негово претворање во персонализирани уметнички фотографии и накит, со присуство во Скопје и Охрид, додека процесот на ре-брендирање е насочен кон отворањето и позиционирањето на новиот објект во Белград.

Какви импресии ти оставија решенијата и колку беше тешко да се донесе конечната одлука?
Морам да признаам дека предложените решенија ме изненадија. Она што најмногу ми се допадна беше начинот на размислување и пристапот во процесот на креирање на финалното решение.
Иако очекував изборот да биде лесен, со оглед на тоа што обично најдоброто решение природно се издвојува, во овој случај се соочив со сладок проблем. Сепак, направивме вистински избор!

Искуство на студентите
На хакатонот учествуваа тековни и алумни студенти, додека Луна Димитриевска која е дипломец од генрацијата 2024/25, а денеска графички дизајнер во „All Media“ го сподели своето искуство.
Што те мотивираше да учествуваш?
Ме мотивираше желбата да се предизвикам себеси, да работам под притисок и да покажам како една идеја може да се претвори во конечен проект за кратко време. Хакатонот беше интензивно и супер искуство!
При процесот на дизајнирање се соочив со…
Главниот предизвик беше ограниченото време, бидејќи мораа да се донесуваат брзи одлуки без многу простор за експериментирање.
Кој дел од изработката ти беше најтежок?
Најтешкиот дел беше да ја сведам целата симболика и идеја во минималистички дизајн што ќе биде јасен и препознатлив.
Процесот го доживеав како…
Креативна трка! Од моментот кога го добив брифот, преку брзото смислување на концепт, до финалното решение, за само четири часа.
Тоа ми покажа колку е важно да имаш јасна визија и дисциплина, но и колку адреналинот од вакви предизвици може да те инспирира да создадеш нешто автентично.

Насочување на креативноста
Соработката помеѓу „Collarette“ и Скала претставува пример за успешно поврзување на професионалната средина со младите креативци. Не станува збор само за дизајн, туку за процес на учење, размена на идеи и стекнување искуство што ќе им користи во иднина.
Ваквите соработки сè почесто се препознаваат како значаен чекор во развојот на новата генерација графички дизајнери и како модел што го поттикнува развојот на индустријата.
Хакатонот Collarette е можност за примена на стекнатото знаење во креативен контекст, а не натпревар меѓу студентите.
Најчесто поставувани прашања
1.Што добиваат студентите од вакви проекти?
Практично искуство и можност да се соочат со реални предизвици, при што развиваат вештини применливи во професионална средина.
2. Дали студентите работат на вистински брифови од компании?
Да, работат на реални задачи и така стекнуваат искуство уште за време на студирањето.
☆ Студии во Скала?






