Кога денес некој размислува да стане графички дизајнер, најчестото прашање е дали AI ќе ја замени оваа професија. И сосема разбирливо, многу едноставни и лесно достапни алатки создаваат впечаток дека дизајнот станува автоматизиран процес.
Но во пракса, визуелната комуникација никогаш не била поважна отколку денес!
Компаниите создаваат повеќе содржина од кога било, а тоа значи дека потребата од луѓе што знаат да носат визуелни одлуки постојано расте.
Зошто компаниите имаат сè поголема потреба од дизајнери
Секој бренд денес комуницира преку десетици канали истовремено: социјални медиуми, реклами, веб-страници, презентации, видео содржини, кампањи и дигитални платформи.
Повеќе брендови значи повеќе визуелни системи. Повеќе визуелни системи значи повеќе работа за дизајнери. Во ваква средина, графичкиот дизајн не е само „естетика“, туку стратегија на комуникација.

Што всушност менува AI во графичкиот дизајн
AI не ги заменува дизајнерите. Ги заменува оние што работат без системско знаење.
Дизајнер кој разбира типографија, теорија на боја, методологија на дизајн, не губи работа, туку добива нова алатка со која работи побрзо и попрецизно.
„AI не го намалува значењето на дизајнот. Напротив, го зголемува значењето на знаењето зад дизајнот.“ – кратко изјави Дејан Џолев на еден од часовите на Академија за графички дизајн, креативна примена на AI и визуелни комуникации во Скала.
Кои вештини стануваат поважни од самите алатки
Во индустријата денес највредни се дизајнерите што разбираат визуелна структура, систем на бренд, логика на композиција и контекст на комуникација од аспект на целна група.
Алатките со кои го создаваме графичкиот дизајн постојано се менувале и ќе продолжат да се менуваат. Затоа тие се најнезначајниот аспект на работењето, но сепак важен и неопходен, далеку од најважен, а уште помалку нешто што ќе ја намали потребата од дизајнери.
Затоа дизајнер што има темел во методологија, типографија, композиција и теорија на боја станува уште поважен во средина каде што AI може да генерира форма, но не и одлука.

Како изгледа работата на графички дизајнер денес
Графичкиот дизајнер ретко работи изолирано. Тој соработува со маркетинг тим, арт директор, фотограф, видеограф или бренд стратег.
Работи на визуелен идентитет, кампањи, дигитални содржини, интерфејси, публикации и комуникациски системи што се користат секој ден.
Не создава само „убава слика“, туку функционален дизајн со јасна порака кон целната група на која се обраќа.

Со какви компании работат дизајнерите кај нас
Графичките дизајнери работат со брендовите што ги гледаме секој ден, од стартапи и културни проекти до банки, телекомуникациски компании и меѓународни франшизи присутни на домашниот пазар.
Во поголемите студија и агенции, студентите на Скала уште во рана фаза од кариерата учествуваат и на кампањи за регионални или глобални брендови како Coca-Cola, T-Mobile, Porsche, Mercedes-Benz, Pepsi, Heineken, KFC, Burger King и ZARA, како и многу други популарни брендови присутни на домашниот пазар.
Графички дизајнер не е една професија
Една од најголемите заблуди е дека графичкиот дизајн значи само изработка на постери или објави за социјални медиуми.
Во реалноста постојат повеќе насоки: визуелен идентитет, брендинг, дигитален дизајн, UI/UX, motion графика, публикациски дизајн, рекламни кампањи и креативна стратегија. А подоцна можеме да растеме како арт директори, креативни директори, лид или принципл дизајнери.
Токму оваа ширина овозможува со тек на време да се преминува од една специјализација во друга.
Ова е одлична тема за разговор. Имаш можност да нè посетиш во Скала и да поразговараме за сите кариерни можности, што е најдобро за тебе и како понатаму може да се развива твојата кариера како графички дизајнер.
Каде се развива кариера како графички дизајнер
Кариерата може да започне во студио, маркетинг агенција, интерен дизајн тим во компанија или како freelance соработка со клиенти од различни индустрии.
Дел од алумните на Скала веќе работат во вакви средини уште во првите години од професионалниот развој.

Како да ја започнеш кариерата како графички дизајнер во време на AI
Ако размислуваш да станеш графички дизајнер денес, најважното прашање не е дали AI ќе ја замени професијата, туку како да изградиш системско знаење што ќе ти овозможи да го користиш како алатка.
Академијата за графички дизајн во Скала е поставена токму на оваа основа.


