Skip to content
content creation програма во скала скопје

Content Creation & Influencer Marketing програма во Скала | Pilot генерација

Скала отвора pilot генерација за Content Creation & Influencer Marketing во Скопје.

 

Интензивна 5 неделна програма наменета за creators, брендови и млади професионалци кои сакаат системски да развиваат содржина, личен бренд и професионално присуство на социјалните медиуми.

 

Во услови кога дигиталното присуство станува клучна професионална вештина и комуникациска алатка, оваа pilot програма претставува прв чекор кон нов образовен формат во Скала.

Скала отвора ограничена pilot група за програма посветена на современо создавање содржина, развој на личен бренд и стратешко присуство на дигиталните платформи.
Ова не е класичен курс.

Станува збор за првата генерација од 8–10 учесници кои ќе работат во мала селектирана група и директно ќе учествуваат во развојот на идниот модел на едукација во Скала.

 

Што ќе работат учесниците во текот на програмата

Програмата е наменета за учесници кои сакаат структурирано да го развиваат своето присуство на социјалните медиуми како професионална алатка:

– video и social media creators кои сакаат да изградат систем за создавање содржина
– сопственици на брендови кои сакаат самостојно да го водат својот маркетинг преку социјални медиуми
– студенти и млади професионалци од креативни, маркетинг, фото или видео области кои сакаат да создаваат содржина за брендови, продукти и услуги

 

Како функционира pilot генерацијата

Бидејќи станува збор за pilot формат, групата ќе биде ограничена на 8–10 учесници.
Тоа овозможува:

– директна работа со ментори
– индивидуален пристап
– тестирање на методологија во реална динамика
– можност учесниците активно да влијаат врз развојот на програмата

Овој тип на мала селектирана група претставува ретка можност за интензивна практична работа.

 

Организација на програмата

Времетраење: 5 недели
Ментори: 6
Група: 8–10 учесници
Почеток: крај мај
Учесничка цена за pilot генерацијата: 390 €

 

Како да се пријавиш

Пријавувањето се одвива преку interest листа и краток селекциски разговор со тимот на Скала.

По пријавата следува кратка консултација со цел да процениме дали pilot програмата одговара на твојот профил, интереси и професионални цели.

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: