Во рамки на Академијата за фотографија, студентките Марија, Ангела и Маринела реализираа реален проект – концептуална фотографија, инспирирани од надреализмот.
Брифот на задачата беше да се рекреира уметничко дело од познатиот сликар Рене Магрит. Проектите се реализирани под менторство на Дејан Џолев во рамки на предмет насочен кон концептуална фотографија, каде фокусот е ставен на развој на идеја, светлосен сетап и постпродукција со монтажа на фотографија.
Што значи концептуална фотографија и како се учи?
Концептуалната фотографија не започнува од камерата, туку од идејата. Таа подразбира истражување, скицирање и предпродукциски активности, како подготовка на реквизити, сценски елементи, костими и избор на портрет модел.
Во рамки на наставата, студентите работат со конкретен бриф, развиваат концепт, креираат сетап и поминуваат низ целосен процес од скица до финална обработка. Овој пристап не се применува само во уметничка фотографија, туку и во комерцијална адвертајзинг фотографија, модна фотографија и применета фотографија во дизајн, каде идејата е основа за секоја визуелна реализација.
Студентски проекти: од инспирација до реализација
Марија Митреска

Се одлучив за ова дело…
Пред сè, ова дело ми остави силен впечаток. Многу се совпаѓа со мојата естетика – ми се допаднаа боите и едноставноста на композицијата. Но, ме привлече и самата идеја зад делото, односно она што го истражувал René Magritte. Според него, вистинскиот идентитет често е скриен и непознат. Во ова дело се создава еден визуелен парадокс: ни прикажува нешто познато, но истовремено невозможно.
При процесот на креирање, се соочив со…
Навистина уживав во процесот, уште од првичните скици па сè до последните корекции. Најпрво барав соодветно платно и цвеќе и размислував како да ја постигнам истата композиција како во оригиналното дело. Самото фотографирање беше многу забавно, но најголем предизвик беше да се добие истата поза како кај девојката од делото. Особено уживав и во постпродукцијата – работев повеќе вечери на фотографијата, секој дел посебно.
Како влијаеше овој проект кон твојот развој…
При изработката на овој проект научив многу за тоа како се создава една концептуална фотографија. Научив како да управувам со светлото за да го добијам ефектот што ми е потребен. Особено напредував во работата со алатките во Adobe Photoshop и се чувствувам посигурно во тој дел од процесот.
Маринела Блажеска

Се одлучив за ова дело…
Затоа што сакав да создадам фотографија што не е само визуелно интересна, туку носи и симболична порака. Ме привлече идејата да го поврзам локалниот простор со надреална визуелна интерпретација. Преку спојот на архитектурата и природата сакав да истражам како местата носат историја, корени и значење.
При процесот на креирање, се соочив со…
Се соочив со предизвикот како визуелно да ги спојам архитектурата и природата на начин што ќе изгледа убедливо, но сепак ќе ја задржи надреалната идеја.
За соработката со менторот…
Менторот Дејан Џолев ми помогна подобро да ја насочам идејата и да размислувам подлабоко за концептот зад фотографијата.
Што учат студентите од вакви проекти?
Преку вакви задачи, студентите не учат само техника, туку способност да градат идеја, да ја претворат во визуелен концепт на хартија и да ја реализираат преку фотографија. Истовремено, стекнуваат искуство со работа во студио и светло и постпродукција на фотографија, кои се клучни елементи за понатамошна професионална работа.
Ангела Ковачева

Се одлучив за ова дело…
Ми се допадна метафората на спојувањето на раката и лицето создадов симболична слика што ја претставува поврзаноста помеѓу телото и умот.
При процесот на креирање, се соочив со…
Голем предизвик беше да ја погодам точната боја, особено при обојувањето на раката во жолта нијанса, за да можам подоцна да ја усогласам со позадината. Тоа бараше повеќе обиди и голема упорност.
За соработката со менторот…
Благодарна сум на менторот Дејан Џолев за советите и корекциите што ги добив во текот на процесот. Менторската поддршка беше важна за да успеам да го реализирам делото и значително ми помогна да напредувам во работата со Photoshop.
Зошто вакви проекти се важни за портфолио?
Секој ваков проект претставува конкретен пример на процес и резултат. Наместо изолирани фотографии, студентите разработуваа проекти кои покажуваат идеја, развој и реализација, што е основа за квалитетно портфолио и идни професионални ангажмани.
Овој проект е дел од наставен пристап базиран на реални проекти, каде преку јасен бриф и постојана менторска поддршка студентите работат на задачи во услови што го следат начинот на работа во студио, агенција или фриленс професионален ангажман.
☆ Сакаш да започнеш кариера
како фотограф?
Често поставувани прашања:
Што е концептуална фотографија?
Концептуалната фотографија е пристап каде идејата и пораката се во фокус, а фотографијата е средство за визуелна интерпретација.
Како се учи концептуална фотографија?
Преку работа со јасен бриф, развој на концепт, практична работа со светло во студио и постпродукција на фотографија.
Дали студентските проекти може да станат дел од портфолио?
Да, ваквите проекти претставуваат важни примери на процес и реализација и се основа за градење професионално портфолио.






