Skip to content
доделување дипломи на студенти во Скала 2024 2025

Дипломираше генерацијата 2024/25 во Скала

Дипломираше генерацијата 2024/25 во Скала: 150 креативци подготвени за индустријата

 

На 19 декември, во просториите на Скала, околу 150 студенти го одбележаа завршувањето на своето образование во областа на дизајн, маркетинг и визуелни уметности.

Во супер кул атмосфера, студентите, менторите и тимот на Скала, прославија една важна точка, крајот на еден процес и почетокот на следниот.

Шампањ, чоколади и звуците од диџејот ја обликуваа вечерта во настан што не беше само доделување дипломи, туку славање на заедницата и личниот развој.

доделување дипломи на студенти во Скала 2024 2025

 

Скала како процес, не само образование

На настанот се обрати Дејан Џолев, основач на Скала, кој во својот говор се осврна на значењето на процесот, а не само на резултатот:

„Дипломата не е крај, таа е само доказ дека сте поминале низ процес во кој сте научиле како да размислувате, како да создавате и како да се соочите со сопствените граници. Вистинската вредност на ова искуство ќе ја видите надвор, во реалниот свет, каде што ќе треба да продолжите да растете.“

Со свој осврт се обрати и проф. Гордана Вренцоска, декан на Факултетот за арт и дизајн и менторка во Скала:

„Она што го изградивте овде не е само знаење, туку мрежа на луѓе и односи. Во креативните индустрии, никој не успева сам. Овие контакти, оваа заедница е вашата вистинска предност.“

доделување дипломи на студенти во Скала 2024 2025

 

Академии и области

Во рамки на генерацијата 2024/25, дипломираа студенти од следните академии:

Секоја од овие области претставува специфична креативна дисциплина, но заедничкото за сите студенти е практичниот пристап и работата на реални проекти.

 

Студии во Скала?

Закажи средба со нашиот тим

 

доделување дипломи на студенти во Скала 2024 2025

 

Прогласени најдобрите студенти

Како дел од настанот, беа доделени признанија во три категории: најголем развој, најголем потенцијал и најдобар студент.

Академија за графички дизајн

  • Најголем развој: Стефани Василевска, Елеонора Андонова
  • Најголем потенцијал: Андреа Осман
  • Најдобар студент: Каролина Арменска

 

 

Академија за моден дизајн

  • Најголем развој: Алија Демиралиески
  • Најголем потенцијал: Ивана Гиовска
  • Најдобар студент: Ивана Груевска

Академија за ентериер и продукт дизајн

  • Најголем развој: Иван Стојановски
  • Најголем потенцијал: Марина Манчева, Ева Стојановска
  • Најдобар студент: Велика Петкова

 

доделување дипломи на студенти во Скала 2024 2025

 

Академија за визуелни уметности

  • Најголем развој: Бисера Димчева
  • Најголем потенцијал: Борјан Спасовски
  • Најдобар студент: Катерина Мојанчевска

Академија за дигитален маркетинг

  • Најголем развој: Доне Лазарев
  • Најголем потенцијал: Андреа Каревска
  • Најдобар студент: Ива Мандиќ

 

 

доделување дипломи на студенти во Скала 2024 2025

 

Академија за UX/UI+ дизајн

  • Најголем развој: Марио Ристески
  • Најголем потенцијал: Мартина Ѓорѓиева
  • Најдобар студент: Сашка Јамалова

Академија за фотографија

  • Најголем развој: Вулнет Целили
  • Најголем потенцијал: Теа Јовановска
  • Најдобар студент: Ристо Толичев

 

доделување дипломи на студенти во Скала 2024 2025

 

 

доделување дипломи на студенти во Скала 2024 2025

Што следува понатаму?

Генерацијата 2024/25 ја напушта Скала со конкретни вештини, портфолија и искуство, подготвени да влезат во индустријата или да ги развиваат сопствените проекти.

Скала останува отворена за сите кои сакаат да влезат во овој процес.

Доколку размислувате за кариера во дизајн, маркетинг или визуелни комуникации, можете да закажете инфо средба и да се запознаете со програмите, пристапот и можностите за кариера.

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: