Во сабота, 14 март во 19:00 часот, во просториите на Скала, ќе се отвори студентската изложба „Линија“, заедничка презентација на учесниците од обуките по фотографија, цртање и сликање, како и кроење и шиење.
Изложбата е од отворен карактер, а сите љубители на уметноста, дизајнот и креативните процеси.
Насловот на изложбата „Линија“, претставува метафора за почеток.

Во фотографијата, линијата го води погледот и ја организира композицијата.
Во цртањето и сликањето, линијата е првиот знак од кој започнува формата.
Во модниот дизајн, линијата ја создава силуетата и структурата на облеката.
Но во оваа изложба, линијата има и уште едно значење, а тоа е првата јавно претставена линија.
За дел од учесниците ова е прво јавно изложување на нивната работа, момент кога идеите, скиците, фотографиите и текстилните форми излегуваат од работната маса и стануваат видливи пред публика.
Нов циклус на обуки
Во моментов се отворени уписи за новите курсеви по:
-
Фотографија, погледни повеќе [кликни тука]
-
Филмски актер, погледни повеќе [кликни тука]
-
Кроење и шиење, погледни повеќе [кликни тука]
Новите групи започнуваат со работа на 28 март.
Учесници
Датум: 14 март (сабота)
Време: 19:00
Локација: Скала, Скопје
Добредојдени сте да ја проследите првата линија на авторите:
Кроење и шиење: Биљана Петровска, Верче Ѓоргиева, Мирјана Тодоровска, Анѓа Марковиќ, Билјана Димитрова, Живко Станчев, Марија Џуџевиќ, Афродита Рамос, Ана Јанчева
Цртање и сликање: Мартин Филипов, Снежана Маџарова, Аника Радевски, Бонита Колевска Миленкоска, Донка, Кристина Поцкова, Снежана Арнаудовски
Фотографија: Влатко Донев, Ивана Јакимовска, Ален Алексовски, Нина Величковска, Михаил Алексовски, Бранко Наков, Валентина Попова, Викторија Тодоровска, Матеа Петровиќ Мишевска, Ана Крстеска, Мила Миролајски, Стефанија Петковска
