Во Скала, испитот не е теоретски тест, туку презентација на авторски проекти работени во текот на семестарот.
Првата испитна сесија претставува симулација на реални фотографски задачи и проекти, слични на работа во креативна агенција, студио или на самостоен авторски проект или работа како фриленсер. Студентите презентираат серија фотографии и ја аргументираат својата визуелна одлука.
Не се оценува само финалната слика, туку процесот, размислувањето и способноста да се донесе свесна визуелна одлука.
Тука започнува професионалното размислување.

Академија за фотографија во Скопје – што значи „практична програма“?
Академијата за фотографија во Скала трае 9 месеци и е изразено практична.
Наставата се одвива во две професионално опремени студија за фотографија во просториите на Скала, но и на терен, во зависност од предметот и модулот. Работата е организирана преку конкретни задачи и реални фотографски проекти.
Студентите работат со професионална студиска опрема и систематски ги изучуваат техничките карактеристики на фото-камерата, контролата на светлото, ликовните елементи и принципи како основа на визуелниот јазик, како и обработка и монтажа на фотографија како неизбежен дел од современата фотографска практика.
Испитниот проект – пример од студент
Маринела Блажеска, студентка на Академијата за фотографија, на првата испитна сесија презентираше некочку проекти, меѓу кои и проектот од предметот Историја и теорија на фотографија.
Маринела за овој проект беше инспирирана од Annie Leibovitz.
На прашањето што ѝ помогнало најмногу од првиот семестар, таа одговори:
„Значењето на светлото при фотографирање.“
Во фотографијата, светлото не е само технички услов – туку носител на карактер и атмосфера.
За процесот, таа додава:
„Се обидов сè што можам да откријам сама, а за сè она за кое ми требаше помош, во секое време менторите беа тука.“
А за атмосферата на првиот испит:
„Позитивна атмосфера, малку трема. Далеку подобро чувство од класичен испит :)“
По завршувањето на сесијата:
„Мотивирана за уште повеќе во 2 семестар.“
Што се учи во текот на академијата?
- портрет фотографија
- продукт фотографија
- модна фотографија
- студиска фотографија
- документарна фотографија
Паралелно со тоа, студентите минуваат низ:
- историја и теорија на фотографија
- обработка и монтажа на фотографија
- технички карактеристики на камера
- визуелни елементи и принципи како јазик на фотографијата
За кого е наменета Академијата за фотографија?
Академијата е наменета за сите кои сакаат:
- да се преквалификуваат во областа на фотографијата
- да се доквалификуваат и да ја подигнат својата техничка и концептуална основа
- да започнат кариера во фотографската индустрија
- да изградат професионално портфолио
Без разлика дали некој доаѓа од друга професија, штотуку завршил средно образование или веќе фотографира, програмата е поставена така што гради основа и постепено води кон професионално ниво.
Маринела на идните студенти им препорачува:
„Да бидат храбри, да се трудат да ги остварат своите задачи колку и тоа да изгледа најпрво тешко.“
Токму таа храброст – да се експериментира, да се проба, да се излезе од комфор-зоната – е клучна за развој во оваа индустрија.
Финална изложба и професионален чекор
Академијата завршува со финална изложба и јавни презентации пред компании од индустријата.
Ова е простор за вмрежување, соработки, потенцијално вработување.
Веќе 15 години Скала е расадник за фотографи, автори, фриленсери и фото-бизниси во Македонија. По завршувањето на програмата, студентите можат да работат како: фриленс фотографи, дел од креативни тимови во маркетинг агенции или дизајн студија.
Често поставувани прашања:
Каде да студирам фотографија во Македонија?
Академијата за фотографија во Скала е 9-месечна, практична програма што комбинира студиска работа, теренска настава и реални проекти.
Дали програмата е практична?
Да. Наставата е доминантно практична и се одвива во професионални студија и на терен.
Дали студентите работат со професионална опрема?
Да. Скала располага со две професионално опремени студија за фотографија.
Дали по академијата може да се работи професионално?
Да. Програмата поставува техничка и концептуална основа за работа како фриленсер и автор.
Дали е потребно претходно искуство?
Не. Академијата започнува од основи и постепено гради техничка сигурност и визуелен јазик.
Размислуваш за студии по фотографија?
Доколку сакаш повеќе информации за програмата, модулите или условите за запишување, можеш да закажеш средба со тимот на Скала и да видиш дали оваа академија е вистинскиот чекор за тебе.










