Skip to content
Меланија Димова академија за дигитален маркетинг скала

Студентски искуства: Меланија Димова – Дигитален маркетинг

„Во Скала, менторите го работат она што го предаваат. Верувам во она што го предаваат бидејќи имаат искуство. Интересно е да се учи во опуштена и неформална атмосфера, каде што владее само позитива.”

 

Меланија сака да патува и да поминува квалитетно време со пријателите. Затоа и своето образование си го замислува како патување од кое може многу да научи. По завршувањето на средното економско образование како следна дестинација си ја има поставено Скала и Академијата за дигитален маркетинг.
Инаку, Меланија за себе вели дека е ноќна птица – додека другите се будат рано, таа ги преспива утринските часови, па слободно може и да ѝ завидуваме.

 

Меланија ни сподели повеќе за нејзиното искуство во Скала…

 

Најинтересен тренд во дигитален маркетинг….
User-generated content и storytelling пред selling.

Омилена социјална мрежа….
Инстаграм – место каде што најмногу споделувам содржина со пријателите, следам инспиративни инфлуенсери и понекогаш откривам и купувам интересни производи од онлајн продавници.

Менторот Димитар секогаш е…
Реален и отворен за дискусија.

 

Меланија Димова академија за дигитален маркетинг скала

Академија за Дигитален маркетинг
Закажи средба со нашиот тим.

 

На Академијата, најважната лекција што ја стекнав…
,,Подобро е да имаме реални или ниски очекувања, па да се изненадиме доколку резултатот е подобар, отколку да се прецениме, па подоцна да се разочараме ”. – ментор Владимир Ристевски

Инспирација најчесто црпам од…
Pinterest – платформа која ми помага со идеи за подароци, декорации, outfits, нокти и мотивирачки пораки.

Мојот сон…
Е да бидам успешна во својата област, да најдам работа каде што ќе има позитивна атмосфера и секако добар тим.

 


Написот е реализиран од студентската организација на „Скала“ – „Скала магазин“.
Одговорен уредник: Теа Олевска
Пишува: Софија Томовска
Фотографија: Викторија Андреевска
Дизајн: Елена Иванов, Ева Парапански, Виктор Георгиевски, Михаела Матоска
Веб уредување: Ева Парапански

 

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: