Ако мислиш дека талентот сам по себе е доволен, оваа работилница не е за тебе. Таа е за оние што веруваат во процес, систем и јасна цел. Дизајнот не е случајна инспирација – дизајнот е метод.
Започнуваме на 15 септември во 18:00–19:30, во Скала. Во пет дена (пон.-пет.) ќе ги поминеме темелите на визуелниот јазик, низ практични задачи и јасни примери.
Ментор на работилницата е Дејан Џолев, основач и CEO на Скала, со 20+ години искуство во креативните индустрии.
Работилницата е идеална за сите што се стремат да започнат кариера во креативните индустрии: графички дизајн, видеографија, моден дизајн, ентериер дизајн, фотографија, анимација и моушн дизајн, идеална е за маркетери и сите останати визуелни комуникациски медии и дејности.
Клучни детали
-
Почеток: 15 септември
-
Време: 18:00 – 19:30
-
Локација: Скала
-
Времетраење: 5 дена
-
Местата се ограничени
Пријави се сега и резервирај место – научи да ги препознаваш и свесно да ги користиш елементите и принципите што го прават дизајнот јасен, читлив и убедлив.
ЗАДОЛЖИТЕЛНО ПОПОЛНИ ПРИЈАВА: