Студентите од Академијата за дигитален маркетинг при Скала, имаа единствена прилика јавно да се претставуват со сопствено портфолио пред водечките компании од маркетинг индустријата.
Настан којшто симболично, но и буквално, претставува следниот чекор на нивниот професионален пат.
Доколку и ти сакаш да бидеш дел од ваква прилика, те покануваме на отворениот ден на Академијата за дигитален маркетинг
2 јули (среда)
во 19:00ч.
во Скала.
Пријавувањето е во тек!
Настан што ги става студентите во фокус
Како кулминација на еден целосен едукативен процес, исполнет со истражување, експериментирање и реална работа, „Скала по скала“ ги постави студентите во центарот на вниманието. За првпат, тие се најдоа на сцена, претставувајќи ги своите проекти пред публика составена од над 30 компании.
30+ компании од индустријата – на едно место
Присуствуваа претставници од најзначајните имиња на локалната сцена: маркетинг и адвертајзинг агенции, дигитални и креативни студија, бренд тимови, медиумски куќи, стартапи и големи компании со реална потреба од свежи идеи.
Искреност, зрелост и самодоверба пред индустријата
Првичното чувство на трема брзо го замени чувството на сила и припадност.
Студентката Андреа Каревска го сумираше своето искуство:
Презентациите беа искрени и инспиративни. Скала беше целосна промена на перспектива. Доаѓав со искуство, но без поткрепа. Излегувам со проект, структура и самодоверба да настапам пред компании. Почувствував дека сум на вистинскиот пат и дека трудот ми е препознаен.
На нејзините зборови се надоврза Арта Ќерими, којашто со голема енергија сподели:
Уживав! Се чувствував на свое место – слушната и прифатена. Овој настан беше потсетник дека кога веруваш во себе, и светот почнува да верува во тебе.
Доне Лазарев се приклучи на разговорот:
Задоволен сум од мојата презентација. Иако имав малку трема, сè помина одлично. Ми е мило што го прикажавме целиот труд од академијата пред познати компании од индустријата. Атмосферата беше навистина инспиративна.
Скала по скала — повеќе од настан, философија
Фразата „Скала по скала“ ја отсликува нашата образовна философија:
- дека успехот не доаѓа преку ноќ,
- дека учењето не е линеарно,
- и дека секој студент расте со свој ритам, низ реални предизвици и поддршка од заедницата.
Настанот е слика на тој процес – конкретен, автентичен со отворени можности!
Амбиции што водат напред
Покрај задоволството од презентираното, студентите се охрабрени да сонуваат уште поголеми планови.
Арта, во духот на визионерка, посака:
Се гледам како некоја што ги движи работите напред, со визија и смисла за тоа што го правам. Сакам мојата работа да остави трага, не само резултати.
Андреа, пак, размислува тактички и стратегиски:
Би сакала да бидам дел од маркетинг агенција. Најмногу се пронајдов во стратешко маркетинг планирање и дигитален PR.
Додека Доне се надоврза со интерес во Meta Ads менаџирањето:
По академијата планирам да се насочам кон едно поле, најмногу ме заинтересира Meta Ads. Но сум отворен и за други позиции каде што ќе можам да напредувам и придонесам.
Благодарност до компаниите – за заедничко градење на иднината!
Ви благодариме што ја препознавате вредноста на образованието и што отворате врати за младите професионалци.
Овој продуктивен и инспиративен настан не би можел да се реализира без вас и без посветеноста на нашите студенти.
Заедницата ја градиме заедно. Секој придонес е важен, затоа што сите сме потребни, секој на свој начин.
Настанот беше одлична можност да се добие увид во знаењето и вештините што студентите ги стекнале за време на академијата во Скала.
Тие презентираа интересни проекти, кои го отсликаа нивното разбирање за процесите и задачите поврзани со дигиталниот маркетинг. Особено ми остави впечаток тоа што дел од нив покажаа креативност и разбирање за улогата на Digital Account Manager – од комуникација со клиент до разработка на кампања.
Сметам дека студентите успешно го поврзаа теоретското знаење со практичните решенија, што претставува одлична основа за нивниот понатамошен професионален развој. – Изјави Софија Саздовска, Digital Account Manager McCANN Skopje
Доказ дека учиме преку работа
„Скала по скала“ не е само настан – тоа е доказ дека учиме преку работа, растеме преку искуства и се позиционираме преку резултати.
Ова е можност што секој идeн студент може да ја доживее, со храброст, поддршка и трпеливо менторирање.
Доколку се гледаш себеси на оваа сцена – не пропуштај ја шансата!
Дојди на отворениот ден на Академијата за дигитален маркетинг на 2 јули во 19:00ч. во Скала – пријавувањето е веќе отворено.
Скала по скала, заедно ќе стигнеме далеку. ❤️