Поврзувањето помеѓу образованието и индустријата станува сè поважно, бидејќи ваквите партнерства отвораат реални можности за развој, како за студентите на Скала, така и за компаниите што се стремат кон иновации, експертиза и квалитет.
Во таа насока, со гордост ја најавуваме соработката помеѓу Скала и Yugoimepx, насочена кон отворање конкретни професионални можности за нашите студенти од Академијата за ентериер и продукт дизајн.
Како една од првите приватни компании во регионот и докажан лидер во снабдување со материјали за мебел, Yugoimepx ќе има клучна улога како генератор на компании и партнери за Академијата за ентериер и продукт дизајн при Скала.
Оваа соработка им овозможува на студентите директен пристап до реални проекти, менторска поддршка и можности за професионален развој, додека индустријата добива свежа енергија, креативни решенија и млади таленти што ги следат современите европски трендови и стандарди.
Токму затоа го прашавме Иво Попов, маркетинг менаџер во Yugoimepx, да ни каже повеќе за самата компанија:
Југоимпекс е основана во 1989 година како фамилијарна компанија, и таа вредност нè води и денес. Со искуството на Ѓорѓи Попов, поранешен директор за извоз во Треска Мебел, фокусот природно се насочува кон дрвната индустрија.
Прв сериозен чекор беше партнерството со австрискиот Blum, светски лидер во оков и механизми за мебел. Следеше органски раст и проширување со машини и опрема од врвни производители како Fimal, Vitap, Holz-Her и Weinig.
Денес, Yugoimepx работи и во Косово и Албанија, нудејќи решенија за сите – од хобисти и мали занаетчии, до компании што бараат индустриска автоматизација. Од 2024 година сме горди што соработуваме и со Essetre Srl – италијански лидер во автоматизирани системи за изградба на дрвени куќи и конструкции.
☆
Академија за ентериер и продукт дизајн
Закажи средба [тука] со нашиот тим.
☆
Како Скала се вклопува во вашата визија и кои предности ги гледате во ова партнерство?
Со Скала очекуваме олична соработка. Моментално во Македонија, а и Европа владее недостаток на квалитетен кадар, ние Скала ја гледаме како инкубатор на идни професионалци во индустријата за производство на мебел. Тргнуваме од мислата дека секој студент на Скала којшто покажал иницијатива и инвестирал во преквалификација и образование навистина ќе се вложи во новата кариера и ќе работи пред сѐ со љубов ќе ја работи струката. Имајќи го тоа на ум, ќе се потрудиме нашето искуство, ресурси и знаење да ги пренесеме на студентите како дел од нивниот наставен план.
Истовремено да им отвориме и нов „poo“ на кадар на нашите клиенти; кадар којшто лесно и брзо би се вклопил во една модерна организација за производство на мебел. Сметаме дека првичната заедничка иницијатива за време на Саем Дома ’25, помина успешно и добивме доста позитивен фидбек од клиентите. – ни сподели Иво
Заеднички градиме иновативна и свесна заедница што ги поместува границите на дизајнот.
☆
Академија за ентериер и продукт дизајн
Закажи средба [тука] со нашиот тим.
☆