Анастасија Атанасовска е наша алумни студентка од Академијата за моден дизајн.
По успешно завршената академија, Анастасија посветено работеше на реализација на својата визија – отворање на сопствено модно ателје „A2 Atelier“, каде што преку внимателно дизајнирани парчиња облека ја раскажува својата уникатна модна приказна.
Љубовта кон уметноста, естетиката и начинот на кој облеката може да пренесе емоција и став, ја следи уште од најрана возраст. Денес, таа својата страст ја преточува во секое дело, создавајќи модели што ја истакнуваат женската сила, префинетост и индивидуалност.
Анастасија неодамна го отвори своето модно ателје „A2 Atelier“ и со нас ја сподели својата инспиративна приказна – од запишувањето на Академијата за моден дизајн, па сѐ до денес.
☆
Академија за моден дизјан
Закажи средба [тука] со нашиот тим.
☆
Раскажи ни повеќе за твоето модно ателје „A2 Atelier“…
A2 Atelier е модно ателје каде што ќе најдете уникатни и несекојдневни креации, наменети за самоуверени жени кои ги поставуваат трендовите – не ги следат. Мојата примарна цел е да понудам квалитетна и внимателно изработена облека која одговара на современиот начин на живот, но истовремено ја задржува елеганцијата и софистицираноста.
A2 е изјава за самодоверба, создадена за жени кои ја познаваат својата суштина. Преку A2, ја дефинирам безвременската елеганција, каде што луксузот е став, а не статус.
На кој начин сметаш дека Академијата ти помогна во твојот професионален развој и да дојдеш до твоето работно место?
Академијата ми даде стабилна основа, самодоверба и дисциплина. Ме научи како да ги спојам креативноста со практичноста, како да работам под притисок и да ги претставам моите идеи пред публика. Тоа беше пресудно при отворањето на моето модно студио A2 Atelier – каде што ги применувам сите тие знаења и искуства во секојдневната работа.
Раскажи ни нешто повеќе за Академијата за моден дизајн. Дали ги исполни твоите очекувања?
Апсолутно! Академијата беше место каде што научив не само како да креирам, туку и како да размислувам како дизајнер – од концепт до финален производ.
Што беше клучно да се запишеш на Академијата за моден дизајн?
Клучниот момент беше желбата да добијам формално знаење и практични вештини кои ќе ми помогнат да ја претворам мојата страст во кариера. Сакав да бидам дел од средина што ќе ме инспирира, предизвикува и води напред. Академијата за моден дизајн ми го понуди токму тоа – основа, професионалност и многу креативна енергија.

☆
Академија за моден дизјан
Закажи средба [тука] со нашиот тим.
☆
Како изгледа еден твој работен ден?
Како основач и дизајнер, мојот ден е секогаш динамичен – од дизајнирање и избор на материјали, до комуникација со клиенти, организација на фотосесии и објави на социјални мрежи. Секој ден ми носи нова инспирација, но и нов предизвик – и токму тоа ме исполнува.
Кои се твоите амбиции и цели во областа на модниот дизајн за наредните години?
Мојата најголема цел е A2 Atelier да прерасне во препознатлив бренд и надвор од границите на Македонија. Сакам да создавам колекции кои ќе инспирираат, ќе имаат емоција и ќе зборуваат за женската сила, нежност и стил.
Кои модни тенденции или стилови те инспирираат најмногу во твојата работа?
Најмногу ме инспирираат елеганцијата од минатото – стилот на Принцезата Дајана, гламурот од 20-тите години – но секогаш со модерен пристап. Го сакам балансот помеѓу класично и современо. Често се инспирирам и од уметноста и архитектурата.
За крај, што би им советувала на сите оние кои размислуваат да ја променат својата кариера и да започнат да студираат моден дизајн?
Ако чувствувате страст – следете ја! Модниот дизајн бара посветеност, трпение и храброст, но најмногу љубов. Никогаш не е доцна да започнете одново, особено ако тоа што го правите ве исполнува. Академијата е одлично место за нов почеток – ќе ви ги отвори вратите и ќе ви даде поддршка да го најдете својот стил и пат во модниот свет.