„Скала е мојата омилена „обврска“ што некогаш сум ја имала.“
Ивана Гијовска е студентка на Академијата за моден дизајн во Скала, амбициозна и полна со креативни идеи, таа го гледа светот низ уникатната призма на уметност и мода. Сака да се оствари како модна дизајнерка и во Скала е посветена на изработка на квалитетно портфолио кое ќе ја однесе надвор од нашите граници и ќе и помогне да ги оствари своите соништа.
☆Ивана ни сподели повеќе за нејзиното искуство во Скала…
Би сакала да дизајнирам облека за…
сите, сите оние кои го разбираат светот на мојата фрекфенција.
Ре-употребување на материјали поради тоа што…
се залагам за подобра животна средина.
Најчесто инспирација црпам од…
Природа, луѓе и емотивни состојби.
Омилена модна епоха…
50ти.
☆
Академија за моден дизајн
Закажи средба со нашиот тим.
☆
На Академијата, најважната лекција што ја стекнав…
За да отиде стрелата напред мора да се врати прво назад, за 70% од задачите почнав одпочеток за да дојдам до вистинското решение.
Мразам кога ќе задоцнам на час затоа што…
Тогаш се зборува за задачата, енергијата е на највисоко ниво, и си правиме чекап на што ни се сменило од вчера до денес.
После часовите…
Имаме традиција да пиеме кафе и сумираме што се случило на час и што не чека на утрешниот.
Мојот сон…
Да одам на магистерски некаде далеку, со квалитетно портфолио, искуство и знаење.
За Скала…
кажувам дека е мојата омилена „обврска“ што некогаш сум ја имала.