Во „Скала“, секоја година новогодишната магија оживува со традиционалниот „Secret Santa“ каде што студенти, ментори и тимот на „Скала“ создаваат незаборавни спомени, разменувајќи подароци и топли прегратки, прославувајќи го крајот на годината, што ја прави нашата заедница посебна.
Во „Скала“ веруваме во важноста на моментите што ги поврзуваат луѓето. Нашите настани, како овој новогодишен, имаат цел да го зближат секој член на нашата заедница, поттикнувајќи посилна соработка и подобра динамика меѓу студентите во наставата и процесот на учење.
Под елката беа подароци триста внимателно подготвени, секој со своја уникатна приказна и значење. Размената на овие малечки ремек-дела ги потврди талентите и задоволството на нашите студенти.
Оваа вечер беше повеќе од забава – тоа беше славење на заедништвото, на новите пријателства и на визијата за уште поуспешна година. Во оваа дружба се сретнаа идеи, насмевки и топлина што ќе ги следат сите нас низ целата година.