Поврзувањето на студентите со компаниите е наш најважен приоритет!
„Скала по скала“ е годишен настан на кој студентите јавно ги претставуваат своите портфолија, овозможувајќи директно поврзување, потенцијални соработки и можности за пракса и вработување со компании и стартапи, особено со оние што делуваат во следните области:
1. Медии и комуникации:
- Маркетинг и рекламни агенции;
- Издавачки куќи и медиуми (ТВ, веб);
- ПР агенции;
- Продукциски куќи за подкасти и радиопрограми;
2. Дизајн и визуелни уметности:
- Студија за графички и веб дизајн;
- Видео и фото продукции;
- Студија за филмска продукција и постпродукција;
- Анимациски студија (2Д, 3Д, моушн графика);
- Печатници и друг тип на печатарски дизајн;
3. Архитектура и ентериер дизајн:
- Архитектонски бироа;
- Студија за ентериер дизајн;
- Работилници за изработка на мебел;
- Студија за индустриски и продукт дизајн;
4. Технолошки и дигитални креативни дејности:
- Студија за UX/UI дизајн;
- Студија за видео игри (Game design);
- Студија за виртуелна реалност (VR) и проширена реалност (AR);
- Развојни IT компании за апликации и интерактивни медии;
6. Други компании:
- Компании кои имаат свој интерен сектор за комуникации и дизајн;
- Стартапи кои сакаат да го прошират својот тим со креативци.
Пријавувањето е на следниов линк.
ПРИДОБИВКИ ЗА КОМПАНИИТЕ: Настанот им овозможува на компаниите да се запознаат со потенцијалот и интересите на студентите, при што ќе можат да согледаат како тие би можеле да придонесат кон тековните процеси во компанијата. По завршувањето на настанот, секоја компанија ќе има можност да стапи во комуникација со студент за соработка од секаков тип.
ДОСТИГНУВАЊА: Изминатите 10 години на овој настан учествуваа повеќе од 150 компании, при што повеќе од 500 студенти успешно обезбедија пракси, додека над 200 студенти трајно се вработија.
Погледнете ја атмосферата низ годините на „Скала по скала“ настаните: