Секој ментор на Академијата за дигитален маркетинг на „Скала“ и „Пиксел“ има своја уникатна приказна за долгогодишното искуство во маркетинг-индустријата.
За да ви ги доближиме нивните личности и успеси, одлучивме да ви ги претставиме нивните биографии преку коишто ќе дознаете колку се значајни овие ментори во креативната заедница, кои се нивните професионални достигнувања и какво влијание имаат врз нашите студенти во „Скала“.
Ви ги претставуваме менторите на Академијата за дигитален маркетинг!
Проф. д-р Димитар Јовевски
Менторот Димитар Јовевски е професор на Економскиот факултет во Скопје, при УКИМ. Повеќе од 15 години работи на Катедрата по е-бизнис. Неговиот фокус се дигиталните медиуми и сè што ги поврзува, со посебна пасија за дигитално рекламирање и трансформација.
Покрај академската кариера, Димитар е партнер и директор за бизнис-развој во агенцијата за маркетинг „Пиксел“ каде што повеќе од 10 години работи на унапредување на дигитално присуство и трансформација на македонски и странски компании.
Тој е и Co-Founder на Eventika, компанија којашто се стреми да биде лидер во организација на настани во Македонија.
Владимир Ристевски
Владимир Ристевски е партнер и креативен директор во маркетинг-агенцијата „Пиксел“, со повеќе од 10 години искуство во дигиталниот маркетинг. Како креативен директор, тој е одговорен за управување со кампањи за водечки локални и меѓународни брендови, како што се Филип Морис, Сава Осигурување, Сава Пензиско друштво, Бимилк, Синеплекс, Тиквеш, СОС Детско село, Универзитет Љубљана, Диџитал Фајнанс, Самсонајт и многу други.
Портфолиото на Владимир ја вклучува неговата експертиза во консултантски услуги, аналитика, маркетинг-стратегија, градење бренд и бизнис-анализа, правејќи го експерт кој им помага на бизнисите во секоја фаза на маркетинг-процесот. Владимир е исто така Co-Founder & CEO на Eventika, компанија којашто се стреми да биде лидер во организација на настани во Македонија.
Дополнително, тој е член на Board of Directors во CEED Business Club Macedonia и е добитник на престижната „40 under 40“ награда од Business Elite Awards.
☆
Погледни ја Академијата за дигитален маркетинг
на „Скала“ и инвестирај во својата кариера.
☆
Нена Гиевска
Нена Гиевска е синоним за успешен PR во Македонија. Со над 15 години искуство, таа е Account Executive во Navigators Marketing & PR Agency, а паралелно ја носи улогата на PR Consultant и PR Manager во Macedonian Film Agency.
Нена е позната по своите неверојатни вештини во управувањето на односите со јавноста и маркетингот, правејќи ја една од најуспешните ПР-менаџери во земјата.
Надвор од работното време, таа е „главна“ во друштво и честопати може да се забележи како вози тротинет низ градот. Нена е креаторот и на превкусните чоколатца „Sorry“ коишто ги красат рафтовите на сите маркети.
Катерина Дукоска
Катерина Дукоска е сертифициран дигитален маркетер со над 10 години искуство. Во моментов, таа работи како Head of Operations, Email Deliverability & Outbound Sales во американската компанија SalesMake.
Претходно, Катерина имала значајни позиции, вклучувајќи Technical Marketing Team Lead во Pitch121, Senior Marketing Manager во TBM Evolution Group и General Manager, HR Director и Head of Supply & Manufacturing во Dya Group Lighting.
Едно од најзначајните професионални достигнувања на Катерина се случило за време на нејзиното работење во Pitch121 каде што успешно го водела развојот и имплементацијата на сеопфатната програма за Email Outreach. Под нејзино раководство, тимот постигнал месечен волумен на испратени емаилови од над 190.000, со deliverability rate од 92%, open rate од 52% и bounce rate помал од 2% што значи дека програмата имала извонредни резултати.
Надвор од корпоративниот свет, Катерина ужива во квалитетно време поминато со ќерка ѝ, Стела. Без разлика дали трчаат заедно, истражуваат нови авантури во природа, играат креативни игри или едноставно читаат заедно, времето со Стела е нејзиниот најголем извор на радост и мотивација.
Горјан Стојановски
Горјан Стојановски е специјалист за дигитален адвертајзинг со магистерска диплома по бизнис-администрација. Моментално работи како Performance Marketer во Dineline.
Претходно, Горјан бил COO (Chief Operating Officer) и Business Development Consultant во Distinct каде што се фокусирал на развој на бизнис-процеси за привлекување и задржување на клиенти.
Во периодот од 2014 до 2020 година, Горјан бил коосновач и CEO на OutletON, B2C е-трговска платформа којашто продавала производи од добавувачи во Македонија, Турција и Кина. Под негово водство, платформата обезбедила инвестиција за проширување во Бугарија и Србија, а Горјан успешно го продал бизнисот во 2020 година.
Ги поздравуваме и другите ментори без кои не би била комплетна оваа листа: Сузана Никифорова, Милан Савов, Гордана Вренцоска, Елена Костоска, Наташа Дукоска, Марина Димитриевска, Мила Раковиќ, Мартина Берберу и Крсто Златков!
☆
Во тек се уписите на нови студенти за учебната
2024/25 година. Закажи средба!
☆