Skip to content
академија за визуелни уметности и фотографија ментори

Запознајте ги менторите на Академиите за визуелни уметности и фотографија!

Менторите на Академијата за фотографија и Академијата за визуелни уметности на „Скала“ се експерти и едни од најуспешните креативци во индустријата.

 

За да ви ги доближиме нивните личности и успеси, одлучивме да ви ги претставиме нивните биографии преку коишто ќе дознаете колку се значајни овие ментори во креативната заедница, кои се нивните професионални достигнувања и какво влијание имаат врз студентите во „Скала“.

Ви ги претставуваме менторите на Академиите за визуелни уметности и фотографија! 

 

Фејми Даут

академија за визуелни уметности и фотографија ментори

Фејми Даут е македонски кинематограф кој со документарниот филм „Медена земја“, ја однесе Македонија до две номинации за Оскар во 2020 година, поставувајќи нови стандарди во кинематографијата.

Тој е еден од најистакнатите кинематографи на Балканот, со бројни независни филмови и соработки со регионални продукции. Неговиот најголем успех е „Медена земја“ за којшто во 2019 година, освои награда за најдобра кинематографија на „Санденс“ и за најдобар документарец од Американското здружение на кинематографи.

Со својот уникатен визуелен стил и умешност, Фејми Даут е добитник на многу други награди и признанија коишто сведочат за неговото влијание и талент во светот на кинематографијата.

Во неговиот опус се запишани повеќе од 20 филмови.

 

 

Дејан Џолев

академија за визуелни уметности и фотографија ментори

Човек што прави сè и насекаде. Главна и движечка сила или како што би рекол Драги (Неделчевски) – Spiritus Movens во „Скала“ и „Скала“ магазин. Мултидисциплинарен артист и активист, во вечна потрага по нови идејни решенија за подобра уметничка и дизајн-сцена и развој на образованието.

Дејан Џолев, можеби го знаете од поткастот „Будење“ или како фотограф кој не фотографира 😀 Освен што е визуелен уметник, тој е и филмски режисер по вокација и интуиција. Креативец кој градел искуство во повеќе маркетинг и адвертајзинг агенции. Од 2012-та е предавач и ментор во неформалното образование од областа на дизајн, фотографија и филм, области за коишто има и формално универзитетско образование.

Основач и сопственик на „Скала“ [поранешно „Џолев и уметностите“], Школата за дизајн и технологија. Тој е уметник со многу свои претставувања од различни дела, дома и во странство. Последна фотографска изложба му е „Тркалезни форми”, поставена во Галерија Прима Центарот во Берлин, Германија.

 

 

Гоце Кралевски

академија за визуелни уметности и фотографија ментори

Гоце Кралевски, познат како Крале, е искусен продуцент и филмски и ТВ-монтажер со долгогодишно искуство во филмската продукција. Редовен посетител и учесник на најголемите светски филмски фестивали.

Веќе 11 години е основач и продуцент на DNF Films, продукција којашто постојано создава успешни краткометражни и долгометражни филмови во соработка со извонредни македонски автори.

Крале често вели: „Кога го работиш она што го сакаш, не одиш ниту еден ден на работа.“ Сепак, за викенд, тој ги полни своите батерии со планинарење на Водно, за подоцна да ги потроши на камерите 🙂

 

 

Во тек се уписите на нови студенти за учебната

2024/25 година.

 

 

Драги Неделчевски

академија за визуелни уметности и фотографија ментори

Драги Неделчевски е еден од најзначајните фотографи во Македонија. Веќе 12 години е предавач и ментор по фотографија во „Скала“.

Неделчевски е еден од основачите на познатата фотогрупа „Чкрап!“ којашто прерасна во двигател на фотографската сцена во земјата. Тој е автор на неколку самостојни изложби, меѓу кои и прочуениот фотоесеј за животот на неговиот син Мане кој има церебрална парализа. Изложбата е прикажана во повеќе градови: Скопје, Прилеп, Белград, Сараево, Нови Сад и Берн (Швајцарија). Неговата работа е препознаена на бројни домашни и меѓународни изложби каде што има освоено повеќе награди.

Неделчевски е коавтор и на монографијата „ЖИВОТ ВРЕДЕН ЗА ЖИВЕЕЊЕ“ и еден од основачите на познатата  Facebook група „Creative Exchange“ којашто ги обединува дизајнерите, фотографите, типографите и другите креативци во Македонија.

 

 

Петар Џон

академија за визуелни уметности и фотографија ментори

Петар Џон е визуелен уметник, motion graphic designer и коосновач на виџеј колективот Lazy Kidz Visualz.

Неговата работа ги комбинира уметноста, дизајнот и технологијата, создавајќи визуелни наративи преку анимации и видеоинсталации. Инспирацијата ја црпи од природата, историјата, архитектурата и играта на светло и сенка и неговата пасија е креирање уникатни визуелни искуства.

Како ментор на Академијата за визуелни уметности на „Скала“, неговиот совет за студентите е: „Имајте љубопитност, упорност и експериментирајте!“

 

Погледни ги Академијата за фотографија и Академијата за визуелни уметности на „Скала“ и инвестирај во својата кариера!

 

Ги поздравуваме и другите ментори на Академијата за визуелни уметности и Академијата за фотографија, без кои оваа листа не би била комплетна: Петар Павлов, Зоран Кардула, Никола Кузелов, Влатко Ристов, Небојша Вилиќ, Доротеј Нешовски, Крсто Златков и Кристина Крагујевска!

 

Попустите за ран упис се сè уште во тек.

Закажи средба!

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: