Skip to content
академија за графички дизајн запознај ги менторите скала school

Запознајте ги менторите на Академијата за графички дизајн!

Секој ментор на Академијата за графички дизајн има своја уникатна приказна за дизајнерскиот пат, долгогодишната кариера и креативното искуство во индустријата.

 

За да ви ги доближиме нивните личности и успеси, одлучивме да ви ги претставиме нивните биографии преку кои ќе дознаете колку се значајни овие ментори во креативната заедница, кои се нивните професионални достигнувања и какво влијание имаат врз нашите студенти во „Скала“.

Ви ги претставуваме менторите на Академијата за графички дизајн!

 

 

Проф. д – р Гордана Вренцоска

академија за графички дизајн ментори скала school

Гордана Вренцоска е дипломирана сликарка и уметница со широк распон на креативните крилја. Таа е основачка и претседателка на Македонскиот совет за дизајн. Авторка е на познатиот плакат за Скопскиот џез фестивал во 2002 година и визуелниот идентитет за Скопскиот филмски фестивал во 2008. Ја има добиено престижната стипендија Чивнинг, каде магистрира дизајн на Central Saint Martins School of Art & Design.

Во 2014 добива и реномиран грант за уметници од фондацијата Pollock-Krasner, Inc. од Њујорк. Победничка е на натпреварот за дизајн на шапка кој го има распишано британската компанија за чај, Тwinings. Авторка е на бројни уметнички и дизајнерски проекти, стручни и научни текстови, како и на книгата „Македонски визуелен идентитет: дизајнот како можност за еволуција на традициите од визуелното културно наследство“. Изложувала свои дела во многу европски и светски градови.

Професорка е по визуелна уметност и дизајн и деканка на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје.

 

 

Зоран Кардула

академија за графички дизајн ментори скала school

Зоран Кардула е графички дизајнер и сликар кој неуморно ги пофаќа сите локални и светски историски мигови и создава од нив различни креативни приказни. Иако по професија е електроинженер, Зоран никогаш не ја работи оваа работа – се посветува на сликарството, а подоцна и на дизајнот, графиката и создавањето постери.

Тој е „моторната сила“ во креирањето на изгледот на познатиот бренд часовници Swatch инспириран од македонската поетска слика за Дениција, или „Своч на кирилица“. Работел преку 20 години во познатата маркетинг агенција Публицис, а изложувал во Америка и во Европа свои дела. Неговата најпозната изложба е „Изложба без жири“, поставка на 40 дела со редизајн на симболите од поранешна Југославија.

Издаде и книга со измислениот јазик на ќерка му Ерато, наречена „Гуш и бац“, а беше активен и со изложба во Крушево, каде постерите инспирирани од серијалот „Војна на ѕвездите“ во контекст на Македониумот станаа доста популарни кај публиката.

 

 

Дејан Џолев

академија за графички дизајн ментори скала school

Човек што прави сè и насекаде. Главна и движечка сила, или како што би рекол Драги (Неделчевски) – Spiritus Movens во Скала и Скала магазин. Мултидисциплинарен артист и активист, во вечна потрага по нови идејни решенија за подобра уметничка и дизајн сцена и развој на образованието. Дејан Џолев можеби го знаете од подкастот „Будење“ или како фотограф кој не фотографира 😀 Освен што е визуелен уметник, тој е и филмски режисер по вокација и интуиција. Креативец кој градел искуство во повеќе маркетинг и адвертајзинг агенции.

Од 2012та е предавач и ментор во неформалното образование од областа на дизајн, фотографија и филм, области за кои има и формално универзитетско образование. Основач и сопственик на „Скала“ [поранешно „Џолев и уметностите“] Школата за дизајн и технологија.

Тој е уметник со многу свои претставувања од различни дела дома и во странство. Последна фотографска изложба му е „Тркалезни форми”, поставена во Галерија Прима Центарот во Берлин, Германија.

 

Во тек се уписите на нови студенти за учебната

2024/25 година.

 

Влатко Ристов

академија за графички дизајн ментори скала school

Влатко Ристов е дипломиран графички дизајнер, а денес е арт директор во маркетинг агенцијата New Moment New Ideas Company. Влатко е „ѕвер“ кога е во прашање работа на стратешки патеки – тој е одговорен за креирање на најзначајните кампањи за најголемите локални и светски брендови на македонскиот пазар.

Неговата силна желба за цртање и графити арт го „води“ токму до она што е денес, а тоа е мултидисциплинарен артист. Во неговото творештво се забележителни комбинирани ликовни техники, а разноликоста во дизајнот (графички, моден и дизајн на ентериери) го прават повеќесложен креативец.

Редовен предавач во „Скала“, пасиониран велосипедист и активен уличен графити- артист.

 

 

Петар Павлов

академија за графички дизајн ментори скала school

Петар Павлов е стратешки дизајнер, специјализиран во областа на развојот на бренд и дизајн на пакување. Но, и танго танчер. Студирал на Академија Италијана, а уште пред да дипломира, веќе бил активен во маркетинг агенцијата McCann. По неколкугодишно искуство и работејќи со клиенти како Coca Cola, Bacardi, Nestle, Raiffeisen, тој станува витален дел од агенцијата, станувајќи креативен директор. Работел со иновативни стартапи, компании, претприемачи, но и во различни индустрии и агенции.

Тој е креатор на познатата платформа и фејсбук група Creative Exchange која бележи огромна посетеност и корисничка активност, придонесувајќи за подобрување и проширување на креативната размена на знаења во Македонија. Активен фотограф, кој „лови“ секојдневни и несекојдневни мигови на светската мапа. На часовите секогаш пристигнува од друга часовна зона.

 

Погледни ја Академијата за графички дизајн на „Скала“

 и инвестирај во својата кариера.

 

Ги поздравуваме и другите ментори без кои не би била комплетна оваа листа: Крсто Златков, Проф. Небојша Вилиќ, Александар Наумоски, Доротеј Нешовски, Кристина Крагујевска и Андреј Стамевски!

Ние сме Академијата за графички дизајн со најголем фонд на часови и најобемен тим на ментори!

 

 

Попустите за ран упис се сè уште во тек.

Закажи средба!

☆ 

академија за графички дизајн-скала

 

 

 

 

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: