Skip to content
стефани караџовска алумни на пауза скала академија за визуелни уметности

Од академија во „Скала“ до основање на сопствена видеопродукција

На пауза од снимање, седнавме на кафе со Стефани Караџовска и поразговаравме за нејзиното досегашно работно искуство како сопственичка на „Кокос Продукција“. 

 

Стефани е алумни-студентка на Академијата за визуелни уметности во „Скала“ која по завршувањето на Академијата основа своја видеопродукција. Ѝ поставивме неколку прашања за да ни ја раскаже нејзината приказна за тоа како од академија во „Скала“ стигна до основање на своја сопствена продукција!

 

Работно искуство во „Кокос Продукција“ 

 

Стефани ни раскажа дека голем дел од нејзината работа, како сопственичка на „Кокос Продукција“, вклучува фотографирање и снимање на видеоматеријали. Останатиот дел од работата опфаќа претпродукција и постпродукција на материјали.

 

„Станува збор за доста динамична работна позиција, бидејќи речиси секојпат се соочуваш со нешто различно – работиме на различни проекти, како што се: промотивни видеа и реклами, документарци, фестивали, фотосесии и многу други работи.“ – вели Стефани.

 

Инаку, Кокос Продукција е видеопродукциска компанија којашто ги покрива сите фази на продукција, од развој и претпродукција до продукција и постпродукција. Тимот на „Кокос Продукција“ работи на видео, фотографија, анимација, мултимедија, визуелни уметности и текст, нудејќи целосни финални производи на своите клиенти.

 

Погледни ги проектите на Кокос Продукција ТУКА 

 

стефани караџовска алумни на пауза скала академија за визуелни уметности

 

Од академија до основање на сопствена видеопродукција

 

Стефани сподели со нас дека покрај теоретските и практични знаења коишто ги стекнала на Академијата за визуелни уметности, Академијата ѝ помогнала и да се опушти креативно во својата работа што за неа е особено важно.

 

„Имав можност од прва рака да го спознаам мисловниот процес при создавање на едно дело од одлични афирмирани ментори. Покрај тоа, ми отвори можности да сум дел од многу настани, да учествувам на разновидни сетови и секако, не можам да го изоставам и создавањето на нови контакти!“ – вели Стефани.

 

Вмрежувањето и создавањето нови контакти на студентите од „Скала“ е важно поради можноста за професионална соработка и поддршка меѓу студентите и менторите, како и за градење долгорочни пријателства. Дополнително, овие контакти можат да отворат врати за идни работни можности и проекти што е клучно за развојот на кариерата на студентите. 

 

„Преку Академијата, создадов многу контакти коишто опстојуваат и на професионално и на пријателско ниво, дури и по завршувањето на студиите“ – додава Стефани. 

 

 

Погледни ја програмата на Академијата за
визуелни уметности
на „Скала“ 

 

 

Од асистент на проект за „Пакомак“ до процес на преквалификација

 

Стефани ни раскажа дека кога ја добила можноста да соработува на нејзиниот омилен проект, работела на нешто сосема различно. Благодарение на проектот, следела преквалификација и запишување на Академијата за визуелни уметности во „Скала“.

 

„Неочекувано наидов на можност да работам на реклама за „Пакомак“. Секако, не ја пропуштив! Мојата тогашна улога беше асистент во процесот на продукција, но сепак, овој проект ми е особено драг и посебен, бидејќи токму тој служи како клучна и пресвртна точка во мојот живот, односно од него произлезе мојата одлука за преквалификација!“ – вели Стефани.

 

Таа додава дека тоа всушност бил сетот каде што одлучила дека навистина сака да се посвети посериозно на оваа дејност и токму затоа, ќе ѝ остане како еден од омилените проекти на коишто работела.

 

„По тој проект, произлезе и одлуката да се запишам на Академијата за визуелни уметности од којашто ми произлегоа многу можности и убави искуства и којашто ми помогна успешно да го поминам процесот на преквалификација!“ – изјави Стефани.

 

стефани караџовска алумни на пауза скала академија за визуелни уметности

Погледни ги проектите на Кокос Продукција ТУКА 

 

Другарски совет до идните „Скала“студенти

 

„Мојот совет до сите идни „Скалаџии“ е да се опуштат креативно и да не се плашат да пробуваат нови работи, дури и кога мислат дека не знаат како!“ – вели Стефани. 

 

Таа им порачува на студентите кои планираат да се запишат на академија во „Скала“ да не се плашат од грешките, бидејќи токму тие се дел од процесот на учење и развој, како и од создавањето на професионално работно искуство.

 

 

Време е за одлука! Погледни ја Академијата за визуелни уметности
на „Скала“ и инвестирај во својата кариера! 

 

 

Инаку, Академијата за визуелни уметности нуди темелна 10-месечна програма којашто им помага на студентите да ги усовршат најсовремените алатки за визуелни ефекти и анимација, како што се Adobe After Effects и Adobe Premiere.

 

Во првиот семестар, студентите ќе се запознаат со предметите: Естетика и историја на уметност и дизајн, Цртачки и сликарски техники, Фотографија, Постпродукција (Adobe Photoshop), Илустрација (Adobe Illustrator), Типографија (Adobe InDesign) и Motion graphic 1 (Adobe After Effects).

 

Во вториот семестар, програмата вклучува предмети како што се: Филмска и ТВ-режија, Видеомонтажа (Adobe Premiere), Motion graphic 2 (Adobe After Effects), Филмско и ТВ- сценарио, Дизајн-размислување и Кариера и интелектуална сопственост.

 

Предавачи на Академијата за визуелни уметности во „Скала“ се врвни експерти со долгогодишно искуство во индустријата: Петар Павлов, Зоран Кардула, Петар Џон, Дејан Џолев, Гоце Кралевски, Никола Кузелов, Влатко Ристов, Небојша Вилиќ, Доротеј Нешовски, Кристина Крагујевска и Крсто Златков. 

 

 

Во меѓувреме, во тек се уписите на нови студенти 

за учебната 2024/25 година. 

 

Закажи средба со наставниот кадар на „Скала“ и запознај се со програмата, условите за студирање и можностите по завршување на Академијата.

 

академија за визуелни уметности-скала

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: