Едно топло и пријатно утро, седнавме на кафе со Ангела Доневска и поразговараме за нејзиното досегашно работно искуство како 3Д-моден дизајнер.
Ангела е алумни-студентка на Академијата за моден дизајн во „Скала“ и има повеќе од 5-годишно искуство во разработка на софтверски и дигитални решенија за клиенти од локалната и меѓународната модна индустрија. Нејзиното портфолио вклучува проекти со AR и VR-технологии, како и Motion Capture-технологија за креирање персонализирани анимации, базирани на реалните движења на манекените.
Во оваа прилика, ѝ поставивме неколку прашања за да ни ја раскаже нејзината приказна како 3Д- моден дизајнер кој со години „им пркоси на конвенционалните методи и практики во индустријата“.
Кажи ни нешто повеќе за компанијата, како се вика, која е нејзината основна дејност и сл.?
Компанијата за којашто работам веќе 5 години е „Sols – Digital Solutions“. Нашата основна дејност се состои од обезбедување софтверски и дизајн услуги во областа на информатичките и модните технологии. Компанијата работи како локално, така и глобално, што значи дека опфаќа клиенти и проекти на национално и меѓународно ниво. Дел сум од тимот на експерти од наведените области со коишто ентузијастички работиме на создавање иновативни и модерни решенија за нашите клиенти, помагајќи им да ги подобрат своите бизниси, да ги унапредат и реализираат своите идеи, како и да го зголемат своето присуство на пазарот.
Какво ти е работното искуство досега и што точно претставува твојата работна позиција?
Моето работно искуство е разновидно и претставува преплет од мода и технологии, со фокус на 3Д-моден дизајн. Како 3Д-моден дизајнер, со години им пркосам на конвенционалните методи и практики во индустријата. По образование сум моден дизајнер и текстилен инженер, што ми дава солидна основа во традиционалните модни техники и текстилни материјали, како и длабоко разбирање на новите технологии и нивната примена во модата, бидејќи едното без другото не би функционирало успешно. Мојата работа вклучува креирање виртуелни прототипи на облека и аксесоари, користејќи софтвери за 3Д- моделирање. Ова ми овозможува да експериментирам со различни дизајни, кроеви и материјали пред физичка продукција или нивна примена како асети во нашите софтверски апликации. Позицијата бара следење на трендови, креативност и техничка експертиза.
Како ти помогна Академијата во она коешто го работиш и создаваш денес?
Академијата за моден дизајн ми помогна значително во она коешто го работам и создавам денес. Дополнителните вештини коишто ги стекнав на Академијата за моден дизајн беа совршено надополнување на моите додипломски студии и ми овозможија да се пласирам како „full package“ моден дизајнер на пазарот, бидејќи ги имав развиено потребните технички вештини и креативни способности. Воедно, практиката на Академијата за претставување млади таленти пред работодавците беше клучна за започнување на мојата кариера во компанијата „Sols – Digital Solutions“ каде и ја добив можноста да ги научам новите технологии и да се преквалификувам во 3Д- моден дизајнер.
☆
Време е за одлука! Погледни ја Академијата за моден дизајн
на „Скала“ и инвестирај во својата кариера!
☆
Кој е твојот ритуал на пауза?
Поради местоположбата на моето работно место во непосредна близина на Градскиот парк и Дебар Маало, би одвоила дека секогаш кога имам можност, уживам во сонцето на пауза, користејќи го тоа време да појадувам со пријателите и колегите. Сметам дека секоја пауза на воздух и покрај зеленило, а подалеку од монитор е добредојдена, особено со денешното темпо на живот.
Раскажи ни нешто повеќе за омилениот проект на којшто си работела?
Пред околу 3 години, во подемот на „Metaverse“ и „Digital Fashion Houses“, работевме на софтверски и дигитални решенија за странски клиенти од модната индустрија, со користење на AR (аугментативна реалност) и VR (виртуелна реалност) кога за првпат одблизу се запознав со овој тип на уреди и технологии. На сето тоа би додала дека користевме и Motion Capture-технологија за персонализирани анимации подготвени од вистински движења на манекени коишто потоа ги имплементиравме во дигиталниот процес на анимирање на облеката. Незаборавни искуства и навистина уникатни можности во периодот пред подемот на AI (Вештачка интелигенција), особено на нашето подрачје каде што имплементацијата на вакви технологии за жал, е сè уште ретка и честопати постои мисконцепција дека е финансиски неоправдана.
♡
Инаку, студентите од Академијата за моден дизајн, во првиот семестар ги слушаа предавањата по предметите: Историја на мода, Моден дизајн, Конструкција на облека со техники на кроење и шиење I, Модна и техничка илустрација.
Во вториот семестар, ги слушаа предавањата по: Модна колекција, Моден бренд, Конструкција на облека со техники на кроење и шиење II, Модна фотографија, Дигитална илустрација и Кариера и интелектуална сопственост.
Предавањата беа одржувани под менторство на врвни професионалци со повеќегодишно искуство во модната индустрија, како што се: Никола Булески – Буле, Александар Ношпал, Гордана Вренцоска, Ирина Тошева, Елена Вангеловска, Дејан Џолев, Небојша Вилиќ, Дарко Аницин, Крсто Златков и Кристина Крагујевска.
♡
Во меѓувреме, во тек се уписите на нови студенти за учебната 2024/25 година.
Сега е вистинското време да донесеш одлука за следното скалило од твојот професионален развој! Закажи средба со наставниот кадар на „Скала“ и запознај се со програмата, условите за студирање и можностите по завршување на Академијата.