Завршната испитна сесија во „Скала“ е можност студентите да го претстават своето портфолио пред менторите, да ја презентираат својата работа и да покажат што сѐ научиле изминатата година.
Ја проследивме испитната сесија на студентите од Академијата за графички дизајн, Академијата за UX/UI+ дизајн и Академијата за визуелни уметности, при што разговаравме со Ивана Јосифоска и Лука Кузмановски за нивните импресии и искуства по завршувањето на испитите. Менторот Стефан Стојковски ни даде менторски осврт на испитната сесија за напредокот и успехот на студентите.
Студентски импресии и кариерни планови по испитната сесија
„Со „Скала“ започнав етапа од мојот кариерен пат за која претходно не би сметала дека е за мене. Тука се пронајдов и уживам во работата.“ – вели Ивана Јосифоска.
Нејзините кариерни планови се фокусирани на градење портфолио преку креативно изразување со дизајн на веб страни и развивање сопствена апликација.
И Лука Кузмановски има позитивни импресии по завршување на испитната сесија. Според него, напорната работа и посветеност дадоа вистински резултати.
„Како motion designer, моите кариерни планови се насочени кон усовршување на вештините и знаењата. Планирам да работам на повеќе проекти за да стекнам практично искуство и да ги подобрам техничките способности. Мојата цел е да создадам портфолио кое ќе го покажува мојот напредок и креативност, и со тоа да се подготвам за поголеми и поинтересни проекти“.
☆
Уписите за новата учебна година се во тек!
Погледни ги академиите на следниот линк.
☆
Менторски осврт на испитната сесија
Стефан Стојковски, ментор на Академијата за UX/UI+ дизајн, сподели дека оваа година студентите започнале поинаква приказна со различен пристап кон UX/UI+ дизајн.
„На студентите им беше понудено сами да одлучат каков проект ќе изработуваат. Целта беше поттикнување на претприемачкиот дух, идентификување и решавање на проблеми, а воедно проектот да биде примамлив и предизвикувачки за студентите.“
Според Стефан, на крајот на оваа академска година студентите имаат шаренолико портфолио со проекти кои имаат голем потенцијал да прераснат во сериозни бизниси.
„Студентите изработија апликација за закажување на термини за спорт и рекреација, апликација за tracking на вежбање и спорт, апликација за лична нега и дневни рутини со препораки на производи, апликација за DIY подароци, апликација за брзо пронаоѓање на паркинг место, имавме неколку проекти кои нудат е-commercе решенија, веб-апликација за хотелско сместување на миленици…“
Изработката на проект им овозможува на студентите да се запознаат со реалниот свет и да решаваат проблеми на вистински корисници.
„Важноста на изработка на проект е од особено значење за студентите, бидејќи на тој начин стекнуваат знаење и искуство за она што следува по завршување на академијата, односно процесот за аплицирање за работа и вработување. На овој начин, стануваат покомпетентни на пазарот на трудот, бидејќи покрај решавањето на проблеми и нудење на креативни решенија, студентите се стекнуваат и со знаење на презентациски вештини т.е. ораторство пред аудиториум, кој е доста битен фактор во секојдневниот работен ден на еден UX/UI+ дизајнер.“
☆
„Скала“ има две нови академии!
Погледнете ги Академијата за Software Testing и Академијата за Software Development [Full stack]
☆
Совет за сите идни „Скалаџии“
Лука вели дека „главната разлика којашто ја забележува кај себе е тоа што неговото креативно размислување е на едно многу повисоко ниво“. Ивана, пак, го опишува своето искуство во „Скала“ како „обемно“.
„Причината за ова е различниот спектар на уметнички теми кои беа дел од самата програма, како и практичниот дел што всушност ми овозможи да го надополнам моето знаење, меѓутоа и да откријам други делови на интерес што ми овозможија веќе да работам со дизајн на веб страни.“
„Искористете го времето во Скала да им „додевате” на вашите ментори и да го извлечете максимумот од нивното знаење. Не постојат „глупави прашања”. Работете вредно и посветено, резултатите ќе бидат бесценети! Никогаш, ама буквално никогаш, не се лимитирајте себеси и секогаш целете високо!“ – менторот Стефан Стојковски им порачува на сите идни „Скала“ студенти.
♡
Задачите на студентите од Академијата за графички дизајн беа: „Редизајн на визуелен идентитет и дизајн на пакување“, под менторство Влатко Ристов, кој е Арт директор во маркетинг агенцијата „Њу момент“ и “Развој на бренд идентитет и графичка стилизација на мотив’, под менторство на Проф. Гордана Вренцоска.
Инаку, на испитната сесија, студентите од Академијата за UX/UI+ дизајн се претставија со дизајн на мобилни и десктоп апликации, развој на графички елементи за почетни страници и дизајн на лендинг страници. Тие работеа под менторство на Стефан Стојковски, Петар Павлов и Благој Ѓелевски, ментори со +15 години искуство од креативните индустрии.
Студентите од Академијата за визуелни уметности на испитната сесија ги проектираа своите вежби и реални проекти: кратки филмови, рекламни и музички видеа, анимации и моушн дизајн, пред нивните ментори беа Дејан Џолев – основач на „Скала“, Гоце Кралевски филмски продуцент и монтажер во ДНФ Филмс и Петар Џон, моушн дизајнер со +20 годишно искуство во локалните студија.
За време на сесијата, имавме чест да присуствуваат и некои од нашите партнери од различни компании. Меѓу нив беа и Димитар Јовевски – извршен директор за развој на бизнис и Александар Јакимовски – менаџер на дизајн тимот на агенцијата за дигитален маркетинг „Пиксел“.
♡
Во меѓувреме, во тек се уписите на нови студенти за учебната 2024/25 година.
Сега е вистинското време да донесеш одлука за следното скалило од твојот професионален развој! Закажи средба со наставниот кадар на „Скала“ и запознај се со програмата, условите за студирање и можностите по завршување на Академијата. ♡