Skip to content
скала школа за дизајн технологија маркетинг

Добро утро креативци 4.0

Како и секоја година дојде време за големиот Скалаџиски празник „Добро утро креативци“ во организација на „Скала и Скала магазин“, кој годинава ќе се одржи по четврти пат, на тема „Искуството како најбрутален учител“ на 8 јуни во 12 часот во „Паблик рум“. 


Целта на овој настан е на едно место да се соберат и претстават актуелните случувања во индустриите на новото време, преку низа едукативни активности, нетворинг и забава.

Оваа година организиравме низа активности кои ќе го стимулираат и дополнат вашето креативно и дигитално познавање. 

Во склоп на саемот ќе се одржат 8 бесплатни работилници од областа на креативните индустрии, технологија и кариера водени од ментори, професионалци во областа и тоа:

14:30 – 16:30

МАРКЕТИНГ: AI tools во маркетинг / Владимир Ристевски 
КАРИЕРА: Оптимизирај го твојот Linkedin профил / Елена Костовска
ВЕБ ДИЗАЈН: UX/UI for dummies / Андреј Стамевски
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН: Илустрација и визуелна метафора / Андреј Павлов

12:00 – 14:00

КАРИЕРА: Од идеја до старт-ап (Lean Canvas Model) / Крсто Златков
ТЕХНОЛОГИЈА: 3D Печатење / Јелена Џокиќ
ФОТОГРАФИЈА: Автопортрет, самослик, селфи /  Драги Неделчевски
МОДА: Редизајн и поправка на облека / Катерина Тошева + Андријана Павловски

 

☆ Задолжителна бесплатна пријава на следниот линк!! 



Агендата не завршува тука, во
17:00 продолжува со панел дискусија на тема „Пораснав и што сега“?

Ќе зборуваме за најголемиот проблем на секој млад човек во нашата заедница – што по завршување на нашето образование, факултет или академија?

Говорници на панелот ќе бидат наши алумни студенти од различни гранки во индустријата со различни кариерни патишта меѓу кои: Андреј Павлов – графички дизајнер во Division, Бојан Матејинvideo content creator во Publicis, Бинаса ДрндарHR Business Partner во INSCALE- IT компанија и Мирјана Јосифовска – моден дизајнер, Mirjana Josifovska.

Модератор на панелот ќе биде Дејан Џолев сновач и CEO на „Скала“, Школа за дизајн и технологија; Ко-основач и Главен уредник на „Скала магазин“, платформа за дизајн и визуелни уметности; Визуелен артист, Филмски режисер и Едукатор.

☆ Задолжителна бесплатна пријава на следниот линк!! 



Во склоп на саемот од 13:00 – 17:00 ќе биде поставен и Базар за дизајн и уметност организиран од страна на студентите од сите Академии за дизајн во Скала.

Учесници на базарот се: Анастасија Стевковска, Дона Димов, Крсто Глигорјадис, Катерина Симјаноска, Mилена Петковска, Моника Стојковска, Огнен Анчевски, Стефани Стојановска, Стефан Божиновски, Стефан Ничевски, Трајче Стојанов, Наташа Латиновска, Нела Стојановa.

+

Музичка програма [изненадување]


Идејното решение за овогодинешниот дизајн на постер е на  Лука Кузмановски, тековен студент на Академијата за Визуелни уметности.

Ве чекаме на дружба и убаво расположение 4.♡

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: