Skip to content
Лазар Зарифовски-визуелни-уметности-академија-скала

Скала ми беше одлична отскочна даска

Се сретнавме на пауза од работа со Лазар Зафировски на кафе и колач, да поразговараме за неговото работно искуство. 


Кога станува збор за неговите професионални активности, со сигурност можеме да кажеме дека неговото портфолио изобилува со безброј позиции од креативните индустрии
коишто меѓусебно се доста испреплетени. Лазар ни сподели како неговиот кариерен пат започнал и се развивал комбинирајќи ги сите свои вештини, започнувајќи како моден фотограф па сè до „Content Manager” и „Social Media Specialist”.

 

Кажи ни нешто повеќе за компанијата, како се вика, која е нејзината основна дејност, и сл.?

​​Во моментот, работам во Emapta, „outsourcing” компанија којашто кај нас постои околу 2 години. Клиентот за којшто работам е Tradewind, американски стартап во сферата на „real estate”.

 

Какво ти е работното искуство досега и што точно претставува твојата работна позиција?

Од почетокот на мојата работна кариера, се соочив со многу различни позиции, таскови и искуства. Во моментот, работам како „Content Manager” и „Social Media Specialist” – 2 позиции во 1. Креирам блогови, social media content, мејлови и слично – со еден збор, комплетниот маркетингконтент за нашите клиенти.

 

 

Лазар Зарифовски-визуелни-уметности-академија-скала

 

Како ти помогна Академијата во она што го работиш и создаваш денес?

Освен целокупното позитивно искуство и прекрасните луѓе кои ги имам запознаено кои до денденес ми се блиски другарчиња, добив добра отскочна даска и поткованост за сите идни ангажмани, проекти, работни обврски и сл. Иако голем дел од тоа колку ќе научиш зависи од студентот, сепак знаењето коешто ти го нуди Академијата е одлична алатка со којашто можеш да излезеш и да ја почнеш авантурата наречена кариера.

 

 

Кој е твојот ритуал на пауза?

Хммм, искрено немам посебен ритуал. Бидејќи работам од дома, обично си готвам, се слушам со моите блиски или едноставно само седам и слушам музика.

 

 

Раскажи ни нешто повеќе за омилениот проект на којшто си работел?

Има многу искрено, во сите проекти сум оставал нешто лично, дел од мене, па затоа многу од нив ми се омилени. Еден од поголемите омилени проекти и за мене најзначаен, беше кога работев во маркетинг агенцијата „Публицис”. Работевме на кампања за светски клиент кој доаѓаше за првпат кај нас. Ја водев „Social Media”кампањата со инфлуенсери и супер помина. Тука воочив дека моите капацитети се поголеми од тоа што сум мислел и научив премногу работи за мене, мојата работа и целото искуство.

Исто така, еден од моите најомилени проекти е мојата изложба ,,Mágoa” којашто беше во далечната 2018 година. Се надевам дека ќе се повтори во некоја блиска иднина 🙂 Дотогаш, се гледаме на пауза хехе

 

Роденденски попуст до 20 МАЈ! Студирај за само 4.100 ден. месечно.

 

академија за визуелни уметности-скала

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: