Студентите испрашуваат – менторите одговараат!
„Студент VS ментор“ е видео-рубрика, каде што студентите на SKALA имаат можност да поразговараат еден на еден со менторите и да ги прашаат згодни и незгодни прашања.
АКАДЕМИЈА: UX/UI+ дизајн [погледни повеќе]
ПРЕДМЕТ: WordPress
МЕНТОР: Благој Ѓелевски
СТУДЕНТ: Тиана Димова
— —
Благој Ѓелевски е експерт во веб-дизајн и SEO со повеќегодишно професионално искуство како веб-дизајнер за домашни и странски клиенти. Благој е препознатлив по неговото менаџирање и креирање на SEO-кампањи, а неговото портфолио опфаќа и големо искуство во дигиталниот маркетинг. Неговите широки познавања и значителни резултати во овие области го носат кон следниот чекор во неговата кариера -основање на Агенцијата за дигитален маркетинг – Tivius.
VS.
Тиана Димова, студент по информатички науки и компјутерски инженерство со особена пасија кон музиката и дизајнот. Нејзината мултидисциплинарна позадина и искуства ја отсликуваат како личност што континуирано сака да создава и твори, како дизајнер така и како текстописец. Денес таа е алумни студент на Академијата за UX/UI + дизајн во Скала и несомнено ја освојува сцената со нејзиниот талент.
— —
АКАДЕМИЈА ЗА UX/UI+ ДИЗАЈН
Уписите се во тек!