Skip to content
антонио станков-академија за визуелни уметности-скала

Благодарен сум што направив избор да студирам во Скала

Отидовме на пауза кај Антонио Станков, во концепт ирис студиото – Коларете (Collarette) во Ист Гејт мол. Антонио е еден од најпродуктивните модни фотографи на нашите простории, со впечатливо портфолио на проекти за најпознатите модни брендови и дизајнери. Покрај тоа, тој е и алумни студент на Академијата за Визуелни Уметности во Скала. Во оваа прилика, го посетивме за да ни раскаже повеќе за неговиот нов бренд, Коларете.

 

Кажи ни нешто повеќе за компанијата, како се вика, која е нејзината основна дејност, и сл.?

​​Коларете е бренд кој го основавме пред нешто повеќе од една година и веќе активно работиме на две локации низ државата, во Скопје и Охрид. Правиме ирис фотографии, со цел нашите клиенти да го откријат најуникатниот дел од нивното тело – ирисот, кој содржи стотици повеќе карактеристични точки од нивниот отисок од прст. Овој концепт кај луѓето буди позитивна емоција и импулс на воодушевување, а воедно креира незаборавно искуство за парови, семејства, пријатели и сл.

 

 

Какво ти е работното искуство досега и што точно претставува твојата работна позиција?

Јас конкретно за Коларете не можам да кажам или споделам дека е работно искуство од една година како што спомнав погоре, туку претставува проект кој е резултат на она што го градам подолг временски период, уште од самите почетоци на мојата фотографска кариера. Коларете е проект кој со своето досегашно работење ме има збогатено најмногу со искуства поврзани со луѓето, односно нашите клиенти. Навистина е интересно на дневно ниво да се запознаваш со најразлични приказни и анегдоти поврзани со нивните животи и можам да кажам дека со некои од луѓето кои ги имам запознаено во оваа работа денес сме одлични пријатели.
Мојата работна позиција, како и кај повеќето сопственици на мали бизниси е доста варијабилна, одводење на маркетинг за брендот, до продажен асистент, варира во зависност од моменталните приоритети и потреби на компанијата.

 

 

антонио станков-академија за визуелни уметности-скала

 

Како ти помогна Академијата во она што го работиш и создаваш денес?

Ако на нешто сум особено горд и благодарен е за мојот избор да студирам во Скала, односно на академијата за Визуелни уметности. Најголемо богатство од сето тоа се луѓето што ги запознаваш, а до ден денес се тука и ми помагаат во остварување на моите цели. Би се надоврзал и дека моето креативно размислување најмногу се надогради и усоврши во периодот додека траеше академијата, а денес всушсност е се плод на тоа усовршување.

 

 

Кој е твојот ритуал на пауза?

Немам посебен ритуал на пауза, освен ако како ритуал може да се каже ѕвонење на моите пријатели и поминување на секое слободно време со нив.

 

 

Раскажи ни нешто повеќе за омилениот проект на којшто си работел?

Покрај Коларете, проект на кој научив многу од аспект на техничко видување во фотографија и вистински пример за тоа како треба еден фото-проект да изгледа е фото едиторијалот за насловната страница на второто печатено издание на Скала магазинот. Процесот се содржеше од скаутинг на локации, тест сет за утврдување на точни позиции и кадрирање, па финален сет. Овој студиозен пристап ме научи многу, а и самото наоѓање на соодветен модел за сетот беше предизвик за мене, ако земеме во предвид дека стануваше збор за акт фотографија. Сметам дека целиот процес беше вистинско уживање и продуктивна дружба, а и прво искуство од ваков тип затоа што стануваше збор за проект на кој работевме двајца фотографи јас и Дејан Џолев кога всушсност официјално го формиравме фотографското дуо „Rêve à deux“.

 

Роденденски попуст до 20 МАЈ! Резервирај место!

 

академија за визуелни уметности-скала

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: