Мина Кузмановска е студентка на Факултетот за дизајн и технологија на мебел и ентериер во Скопје и истовремено е студентка на Академијата за ентериер и продукт дизајн во „Скала“.
Покрај тоа што е посветена на своите студии, таа многу сака животни и во слободно време работи во ветеринарна клиника и хотелот за миленици во Тетово, Брвеница.
☆ Мина ни сподели…
Омилен дизајнер ми е…
Martin Lewis Bullard.
Стил којшто најмногу ми прилега…
Стиловите коишто најмногу ме привлекуваат се: Japandi, Modern, Moody.
Најважно при дизајнирање на ентериер е…
Умешноста да побудиш чувство на спокој и удобност на тој кој престојува во тој простор
3д-рендер или скица на хартија…
Повеќе сакам 3д–рендер. Сметам дека многу поубаво може да се претстави проектот за ентериерот којшто сме го изработиле.
Страна којашто ја следам…
https://www.architecturaldigest.com/
На Академијата, најважната лекција којашто ја стекнав…
Е дека учењето на нови работи и вештини ми носи големо задоволство и желба да ги продлабочувам моите знаења.
На часовите кај Илија Паунков…
Учиме за уредување и претставување на ентериерот преку 3д–рендери и програми и правилно употребување на материјалите во просторот или деталите.
Често разговараме со колегите за…
Домашните задачи и проекти.
Мојот сон е …
Да отворам своја фирма за дизајн на ентериер.
„Скала“…
Ми пружи многу повеќе можности и знаење од тоа што се надевав, сметам дека многу ќе ми помогне во иднина и развојот на мојата кариера.
☆
Биди дел од Скала, фати ран уписен рок до 15ти мај и заштеди 500 евра!