Интервју: Мирјана Јосифовска, студент на Академија за моден дизајн
Во моментот подготвуваш нова колекција со која ќе се претставиш на моден викенд. Како стана дел од таа приказна? Колкав предизвик е да подготвувашедна цела колекција и како Академијата те подготви за тоа?
Моментално реализирам колекција што ја подготвив во вториот семестар на предметот модна колекција кај проф. Никола Ефтимов. Сите студентки на академијата изразивме желба за учество на моден викенд и сега ги реализираме моделите. Подготвување на една колекција е огромен предизвик и секој професор на Академијата нѐ подготви за тоа. Почнувајќи со визуализација на моделите кај Александра Јовановска на предметот модна илустрација, процесот на создавање на модна колекција кај Никола Ефтимов, нејзина реализација кај Никола Булевски на предметот конструкции, па сѐ до водењето и менаџирањето на бренд кај Ирина Тошева.
Кажи ни за настанот бафе на кој исто ќе учествуваш во Белград? Како дојде до тоа?
БАФЕ е настан за млади дизајнери на возраст од 18-35 години што се одржува два пати годишно во Белград. Дизајнери од Балканот вклучувајќи ги и Бугарија и Романија, имаат шанса да ги претстават своите колекции. Настанот имаше отворен повик, јас испратив скици од колекцијата и така се случи тоа.
Знаеме и дека отвораш бутик во Тетово? Како дојде до идејата? Како Академијата ти го овозможи тоа? Каков бутик ќе биде тоа?дали ќе биде само од локални дизајнери?
Водењето на бутик е нешто со кое сум запознаена од многу млада возраст, затоа што и мојата мајка го работи тоа. До идејата дојде од потребата за место што нуди модерна и квалитетна облека по пристапна цена. Академијата ми помогна во тоа, особено часовите по моден бренд и менаџмент кај проф. Ирина Тошева. Моментално набавувам облека надвор од Македонија, меѓутоа постои и можноста за соработка со млади македонски дизајнери.
Моден дизајнер со којшто сакам да соработувам Јована Филиповиќ. Драган Христов, Евгенија Зафировска.
Професор кој најмногу ми помогна да го оставарам сонот Никола Ефтимов бидејќи ни го покажа целиот процес на создавање на колекција, како и неуморните часови по историја на мода.
Мојот сон е да работам кај искусен и зрел дизајнер и подоцна да отворам свое ателје.
Не се каам што преземам ризици, особено на млада возраст.
Колекцијата на која работам е инспирирана од проблемите со кои се соочува мојот град. Загадувањето на воздухот, лошата инфраструктура и сообраќај, немање на чиста вода за пиење, депониите, национализмот, труењето на кучиња и нелегално сечење на дрвја на Шар Планина се темите кое се обработени во колекцијата. Всушност, колекцијата зборува за нашата култура и за проблемите на нашето општество.
Пријавувањето за новата учебна 2019/20 е во тек. Прочитајте повеќе информации за програмата и менторите на Академија за моден дизајн.