Skip to content

Најголемата студентска изложба за дизајн!


На 13 октомври се случи финалната изложба на студентите од aкадемиите за графички дизајн, визуелни уметности, моден дизајн, ентериер и продукт-дизајн, како и Академијата за UX/UI-дизајн при „Скала“ -Школата за дизајн и уметност, генерација 2022/23 поддржана од Министерство за култура на Р.С. Македонија.

Квалитетот и еланот со којшто создаваат нашите студенти придонесе трите хали на вториот кат во „Паблик рум“ да бидат преполнети со посетители кои небаре се „буткаа“ да стигнат на ред да ги погледнат дизајнерските решенија и развојните дизајн-концепти. 

Возбуда, позитивни импресии и кретивен бум се зборови со коишто може да се опише вечерта. 


Халата на Академијата за моден дизајн изобилуваше со сценографии изработени да го доловат концептот на колекциите на модните дизајнери, под менторство на Александар Ношпал и Никола Булески – Буле, симбиоза на материјали и текстури, различни стилови и категории, од спортска до висока мода.


Веднаш до нив, внимание привлекоа и иновативните и уникатно изработените парчиња мебел, создадени по најсовремените стандарди, како и концепти за ентериерно уредување, од студентите на Академијата за ентериер и продукт-дизајн. Можевме да го следиме процесот од почеток до крај, од идејни решенија, скици, па сè до прототипи. Овие концепти беа креирани под будното око на менторите/дизајнери Апостол Тноковски и Илија Паунков.

Изложбениот простор отстапен за делата на Академијата за графички и UX/UI-дизајн беше исполнет со многубројни проекти од различни аспекти и примени на дизајнот: графичка илустрација, корпоративен дизајн, дизајн на пакување, дизајн на постер, веб-дизајн, фотографија и применета фотографија. 

Високиот квалитет на делата говори за посветноста и одговорноста на нашите студенти кои цела година неуморно создаваа, под менторство на врвниот тим ментори: Зоран Кардула, Петар Павлов, Дејан Џолев, Влатко Ристов, Гордана Вренцоска, Благој Гелевски, Дејан Милосавлевски, Андреј Павлов…


Поговорката вели: „Среќни се тие кои успеаа да фатат место во халата на Гласот на визуелни уметности“ во којашто се прикажуваа кратки играни и експериментални филмови од предметите „филмска режија“, „видео- монтажа“, но и кратки анимации од предметот „моушн-дизајн“. 

Редот пред халата беше долг, но посетителите не се откажуваа. Студентите добро си ја завршиле работата! Менторот Петар Џон гордо и задоволно набљудуваше, восприемајќи ги импресиите од халата.


Вечерта беа доделени +80 дипломи и уверенија за постигнатиот труд и успех на студенти од 6 академии.

Со голема одговорност и задоволство, ги прогласивме и најуспешните студенти за учебната 2022/23 година на академиите за дизајн. Доделувањето на дипломите беше од страна на наставната координаторка Ангела Николовска која, меѓу другото, додаде:

„Имав чест да запознам прекрасни луѓе, талентирани и посветени креативци и студенти за кои знам дека ќе имаат голем успех. Бидете храбри и упорни. Во „Скала“ секогаш ќе се радуваме на вашите успеси, тоа е најважна причина за нашето постоење!“ 

АКАДЕМИЈА ЗА ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН

⋆ Давид Пачемски – најдобар студент
⋆ Станка Џекова – студент со најголем потенцијал
⋆ Јована Цинцароска – студент со најголем развој
⋆ Александар Сандов – студент со најголем развој


АКАДЕМИЈА ЗА UX/UI+ ДИЗАЈН

⋆ Андреј Стамевски – најдобар студент
⋆ Ивана Коцева – студент со најголем потенцијал
⋆ Анѓа Радевски – студент со најголем развој


АКАДЕМИЈА ЗА ЕНТЕРИЕР И ПРОДУКТ ДИЗАЈН

⋆ Стефани Андова – најдобар студент


АКАДЕМИЈА ЗА МОДЕН ДИЗАЈН

⋆ Тиана Јовиќ – најдобар студент
⋆ Михаела Штерјова– студент со најголем потенцијал
⋆ Орце Наумовски – студент со најголем потенцијал
⋆ Снежана Ефковска – студент со најголем развој


АКАДЕМИЈА ЗА ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ

⋆ Ана Попоска – најдобар студент
⋆ Андреј Арсенков – студент со најголем потенцијал
⋆ Стефан Трпески – студент со најголем потенцијал
⋆ Стефан Петровски – студент со најголем развој

За најдобар студент на генерацијата беше прогласена Ана Попоска, од Академијата за визуелни уметности.

 

Им посакуваме многу среќа и успех на старите, како и на новите студенти. ♥

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: