Ги собравме на едно место младите креативци, подготвени за нови образовни и кариерни почетоци и дел од нашите ментори на „Отворени денови“ во просториите на „Скала – Школа за дизајн“.
Присутните имаа можност да одберат помеѓу мохито или аперол-шприц, а секако постоеше варијанта и за двете или репете! 🙂
„Дизајн & Коктели“ и оваа година беше повод за неформален разговор и запознавање со програмите и менторите од академиите за UX/UI + дизајн, Графички дизајн, Визуелни уметности, Моден дизајн и Ентериер-дизајн. Меѓу присутните беа:
• Зоран Кардула // [Popstar] илустратор;
• Гордана Вренцоска // дизајнер + декан на Факултетот за арт и дизајн;
• Влатко Ристов // арт-директор во New Moment – маркетинг-агенција;
• Дејан Џолев // основач и CEO на Skala School;
• Благој Ѓелевски // веб-дизајнер и коосновач на Tivius – маркетинг-агенција;
• Александар Ношпал // костимограф и моден дизајнер;
• Ирина Тошева // модна дизајнерка;
• Илија Паунков // ентериер-дизајнер – BH Architects;
• Апостол Тноковски // [Popstar] продукт-дизајнер.
Се споделија различни искуства, се разговараше на различни теми од индустријата, а многумина имаа шанса и директно да се поврзат со менторите и нивните академски програми, работата, да дознаат повеќе за можностите на пазарот и секако – да се дружат.
Ни претставува особена чест и одговорност да се запознаеме со новата генерација која несомнено е новата сцена во креативните индустрии. Првиот академски час ги очекува на 13 октомври 2023, а УПИСИТЕ на академите за дизајн СЕ ВО ТЕК!
За сите кои не беа во можност да ни се придружат, ги повикуваме да не посетат во нашите простории, секогаш сме отворени за разговор, совет и консултација. Закажете средба со нашиот тим преку пополнување на следната форма: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfBIk6UxgacnOKevST7Fuqmv7ya5DRoXcwpQ9HEd-iDorQFfw/viewform
Ви благодариме за прекрасната енергија, се гледаме на следна креативна дружба! ♥
НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ, УПИСИТЕ ЗА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА 2023/24 СЕ ВО ТЕК!
Фотографии: Ана В’чкова