Skip to content

Започнаа уписите за 10 Обуки од областа на дизајнот и уметностите во Скала

 

Овошна коктел дружба со менторите од 24-та сезона обуки во Скала, со цел меѓусебно да ја споделиме возбудата за новите почетоци.

 

Никогаш не е доцна да станеш она што сакаш да бидеш, а секој ден е шанса да се започне нешто ново. Шанса да се посветиш на твоето омилено хоби, да научиш нова вештина, да го усовршиш твоето знаење или пак да излезеш надвор од твојата комфор-зона и да пробаш нешто ново за првпат. Било која шанса да си ја дадеш, ние сме тука да бидеме дел од твоето искуство.

 

Сите програми имаат 20% попуст за упис до 20 септември!

 

 

За дваесет и четвртата сезона на обуки во Школата за дизајн и уметност „Скала“, ти овозможуваме избор од десет обуки од областа на дизајнот, технологиите и уметностите. Обуки предводени од врвни ментори експерти во својата област, но и личности кои си дале шанса да ја градат својата кариера со страст и пасија кон нивната професија. За новите почетоци и можности во склоп на обуките во СКАЛА, си позборувавме со дел од нашите ментори.

_______

КАТЕГОРИЈА // ДИЗАЈН И УМЕТНОСТ

ОБУКА: ФОТОГРАФИЈА [погледни повеќе тука]
ментор: Дејан Џолев + Драги Неделчевски
почеток: 21 окт.

ОБУКА: ТЕХНИКИ НА КРОЕЊЕ И ШИЕЊЕ [погледни повеќе тука] 
ментор: Катерина Тошева + Андријана Павловски
почеток: 21 окт.

ОБУКА: ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ
[поглдени повеќе тука]
ментор: Доротеј Нешовски + Mаргарита Симовска
почеток: 22 окт.

ОБУКА: ФИЛМ И ФИЛМСКИ АКТЕР [поглдни повеќе тука]
ментор:  Слаѓана Вујошевиќ + Дејан Џолев
почеток: 22 окт.

„После жешкото сонце и летната шема, да отвориме можности за нова тема. Понесени од бранови енергија, да се разбрануваме во знаења, да олабавиме од еуфорија и да се опуштиме во омилените хобија. Курсевите не се само знаења, тие се и нашето омилено слободно време коешто денес сѐ помалку го имаме. Денес слободното време е луксуз. А зашто да не, па секој заслужува понекогаш малку луксуз. Нели? – Те очекуваме, првите термини започнуваат на 21 октомври!“ – Катерина Тошева, ментор на обуката Техники на кроење и шиење

 

 

КАТЕГОРИЈА // СОФТВЕРСКИ АЛАТКИ


ОБУКА: FIGMA [погледни повеќе тука]
ментор: Андреј Стамевски
почеток: 22 окт.

ОБУКА: ADOBE PHOTOSHOP [погледни повеќе тука]
ментор: Антонио Станков + Дејан Џолев
почеток: 21 окт.

ОБУКА: ADOBE ILLUSTRATOR [погледни повеќе тука]
ментор: Андреј Павлов
почеток: 21 окт.

ОБУКА: ADOBE PREMIERE PRO [погледни повеќе тука]
ментор: Сандра Ѓоргиева
почеток: 22 окт.

ОБУКА: ADOBE AFTER EFFECTS [погледни повеќе тука]
ментор: Петар Џон 
почеток: 29 ное.

ОБУКА: WORDPRESS/ELEMENTOR [погледни повеќе тука]
ментор: Благој Ѓелевски
почеток: 27 окт.


Сите програми имаат 20% попуст за упис до 20 септември!

 

 

Кога сме веќе кај новите можности и почетоци, ова е првата сезона во којашто ќе се реализира обука посветена на добро познатиот и популарен софтвер Figma. За обуката, значењето на UX/UI дизајнот и важноста од спознавањето на оваа софтверска алатка, позборувавме со менторот на обуката кој ни сподели …

„Првпат со Figma се сретнав пред 7 години, а денес ја имам можноста моето знаење за овој популарен софтвер во областа на UX/UI да го споделам со сите кои ќе бидат дел од обуката. Ако веќе имаш познавање од дизајн, совладувањето на овој софтвер е едноставно и од голема корист, но ако дизајн е нова област за тебе, ние сме тука да ти ја дадеме основата за понатамошниот развој. Корисничкото искуство е секаде околу нас, а доколку си личност која сака да решава проблеми со цел да креира позитивни промени, верувам дека ги поседуваш вистинските способности за UX/UI дизајнер да биде твојата професија“ – Андреј Стамевски, ментор на обуката Figma UX/UI дизајн

 

скала џолев обуки ментори доротеј нешовски дејан џолев благој ѓелевски

ДАЈ СИ ШАНСА, ИЗБЕРИ ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ ИЛИ НАУЧИ ПОВЕЌЕ ЗА ТВОЕТО ХОБИ!

 

_______

Прочитај повеќе за нашите едногодишни академии за дизајн.

_______

Ве очекуваме!

СКАЛА – ЏОЛЕВ И УМЕТНОСТИТЕ
11 години Школа за дизајн, уметност и технологија
076 266 740

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: