Интервју: Симона Тасевска, студент на Академијата за визуелни уметности
Разговараме со Симона Тасевска – студент на Aкадемијата за визуелна уметност
Беше дел од Aкадемијата за визуелна уметност. Во која од понудените области најмногу се пронајде?
Не можам да кажам дека сѐ уште се имам пронајдено во конкретна област, зашто сметам дека самиот спектар на визуелни уметности дава слобода да комбинираш работи во полза на тоа што го работиш во моментот.
По завршувањето на Академијата, стана дел од тимот на Реборн, а сега твојата приказна како дизајнер продолжува. Раскажи ни повеќе за тоа.
Реборн покрај порталот Reborn.mk (не смеам да откривам што се подготвува ново), постои и како маркетинг-агенција која е фокусирана на изработка на маркетинг кампањи и продукција на видеа. Почетокот на 2019 година маркетинг делот на Реборн се официјализираше и како нова компанија наречена Relish. Така што, сега функционираме најмногу како самостојно дизајн-студио и видео-продукција.
Мојата позиција е графички дизајнер, а можете да прочитате и видите повеќе на relish.studio.
Кога не би била дизајнер сигурно повторно би се занимавала со креативна работа и најверојатно би била архитект.
Омилен час ми беше мултимедија, поради можноста за пренесување на идејата преку комбинирање на различни медиуми.
После часовите секогаш останувавме на седенка со колегите (Ања, Дејан и Лазар),разговаравме за тоа како сме го поминале денот и правевме планови за идни проекти заедно. Покрај дружбата на Академија станавме пријатели и приватно.
Омилени трендови во дизајнот, минимализмот доминира во дизајнот последниве неколку години, сметам дека овој тренд продолжува, бидејќи постојано гледаме употреба на чисти визуелни елементи и негативен простор во сите полиња на дизајнот, главно во веб-дизајнот и дизајнот на апликации.
Од академијата очекував да добијам насоки и знаења во однос на технички работи од разни области, но во текот на годината самиот процес на добивање знаења и комуникација со професорите ми помогна да научам посуштински работи и пронаоѓање на вистинските интереси.