Skip to content

Ова е само една кратка приказна за…

 

Прочитајте и за активностите на нашите ментори, нашата школа, но и информации од формален и неформален карактер.

Ова е само една кратка приказна за успесите на нашите студенти и случувања кои ги обележаа изминатите месец-два.

 

НАШИТЕ СТУДЕНТИ

 

1. СКАЛА – ЕДИНСТВЕНА ШКОЛА ОД НЕФОРМАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ на изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ!

Нашите студенти заедно со своите ментори, месецов од 9 до 21 јуни ги изложија своите дела во галеријата на МКЦ во рамки на изложбата: „Професори и студенти.“

 

Од Академијата за визуелни уметности, менторот Зоран Кардула се претстави со филмски постер „Star Makedonium Wars“, a од студентите се претстави Ана Попоска со својот филмски постер „Gummo“. Потоа, од Академијата за графички дизајн, се претстави уметничкиот двоец сочинет од Дејан Џолев и Антонио Станков, со фотографијата „Слобода“, и студентката Сара Фиданоска, со своја рекреација на „Nude“ од Ване Костуранов.

Со свои дизајни се претстави и Академијата за ентериер и продукт дизајн со менторот Апостол Тноковски и неговиот дизајн на пијано „Wave black“, како и студентката Мартина Пенева, со својот продукт дизајн на ламба, „Тable Lamp“.

 

 


2. Се случи завршната изложба „Галерија 23“ со дела од нашите учесници од обуките и курсевите за сезона XXIII

 

На 17ти јуни, во просториите на Скала во Паблик рум, се случи завршната изложба на курсеви и обуки за возрасни и млади, „Галерија 23“.

Спојот на автентични дела и креативните авантури на студентите беа заокружени со доделување на +100 СЕРТИФИКАТИ, кои ги доделија нашите ментори на курсевите за фотографија, филмски актер, кроење и шиење, цртање и сликање, курсевите од ADOBE алатките: Photoshop, Illustrator, InDesign, Xd, PremierePro, After Effects… програми кои се реализираа во периодот од март до јуни 2023 година.

 

 

 

 

 

НАШАТА ШКОЛА…

 

3. Имавме успешен настан – се случи третото издание на „Добро утро креативци“

Саемот за креативни искуства и размисли, „Добро утро креативци 3.0“ , оваа година ги отвори вратите за прашањето „Утрото по 2023 година“.  На 26 мај, Паблик Рум беше полн со посетители, учесници и љубопитни гости.

Почетокот го обележа панел дискусијата на истоимената тема, во којашто збор имаа: Небојша Гелевски-Бане – графички дизајнер,  Владимир Јанчевски – куратор во МСУ, Матеј Богдановски – уметник и Кристина Крагујевска – адвокат. Преполна просторија, интензивни прашања околу AI-технологијата и алатките за користење на истата. Плодна дискусија која отвори морални дилеми, но и многу заклучоци околу тоа во кој правец се движи креативната индустрија, и воопшто статусот на еден креативец, уметник, дизајнер. Модератор на отворената расправа беше Дејан Џолев.

Во продолжение на настанот, отворената изложба во „Скала галеријата“ беше преполна од посетители, а главен адут беа делата кои беа избрани на Конкурсот кој опфаќаше средношколци и студенти.

Првото место го доби средношколката Сара Андоновска, за чие дело доби награда: стипендија во висина од 100.000 денари за учебната 2023/24 или 2024/2025 на една од Академиите.

Крајот на Саемот „Добро утро креативци“ го заокружи музичката програма кадешто настапи пејачката Миа Перевска, со перформанс и AI визуелизација креирана за самиот настан.

 

 

 

4. 11 години Скала! Роденден, мала забава…

Mесецов одбележавме 11 години постоење на Скала Школата за дизајн и уметност. 11 години неуморно создавање нови образовни практики, вмрежување со креативната индустрија и отворени врати за младите уметници, креативци, дизајнери да си го пронајдат својот професионален и личен простор!


Прославивме во кругот на најблиските со шампањ и торта <3

 


ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ 6 АКАДЕМИИ ЗА ДИЗАЈН [ТУКА]
Академија за графички дизајн
Академија за UX/UX+ дизајн
Академија за визуелни уметности
Академија за моден дизајн
Академија за ентериер и продукт дизајн
Академија за фотографија

 

 

5. Повик за стипендии во Скала!

Во пријатен и неформален амбиент, наставниот тим на Скала изминатите 4 дена интервјуираа 112 креативци и креативки, подготвени за развој и промени.

Повикот за аплицирање е тек! Искористи ја можноста, пополнија пријавата и освој една од вкупно 30 стипендии:

6 целосни стипендии / 100% школарина;
12 делумни стипендии / 50% школарина;
12 ваучери // 20% попуст;

на Академиите за:

Академија за ГРАФИЧКИ ДИЗАЈН
Академија за UX/UI+
Академија за ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ
Академија за МОДЕН ДИЗАЈН
Академија за ЕНТЕРИЕР И ПРОДУКТ ДИЗАЈН
Академија за ФОТОГРАФИЈА

Кандидатите кои ќе аплицираат ќе бидат повикани на кратко интервју со координаторите и дел од наставниот кадар на академиите.

Повикот е отворен за два типа на кандидати, со различни критериуми на вреднување:

★ Кандидати со порфолио;
★ Кандидати без порфолио;

 

 

Започни со промената веднаш, аплицирај тука!

 

 

 

https://djolevandthearts.edu.mk/blog/2023/06/06/apliciraj-za-stipendija-vo-skala/

 

 

6. Академијата за моден дизајн доби 15 лиценци за користење на најсовремен софтвер!

На Академијата за моден дизајн имаме прекрасни новости. Во соработка со Browzwear University институтот од Америка, Скала доби 15 лиценци за користење на оригинален софтвер за дигитална илустрација кој за првпат ќе биде искористен во рамки на програмата на Академијата за моден дизајн.

Како пионери во оваа област, нашите студенти ќе имаат можност да ги учат софтверските можности, како и можност за презентации, идеи и размена на искуства на глобално ниво.

 

7. Студентите ги презентираа проектите од вториот семестар.

Изминативе две недели студентите од Академиите за дизајн ги презентираа своите проектни задачи пред менторите од Акамијата. СКАЛА има развиено свој унифициран систем на вреднување. Севкупниот прогрес и напредок на секој студент се анализира, коментира и класифицира во една завршна единица.

Честитки драги студенти за постигнатиот успех!

 

 

 

НАШИТЕ МЕНТОРИ…

 

8. Aлександар Ношпал со Париска ревија и костимографија на балетска претстава

Нашиот ментор од Академијата за моден дизајн беше костимограф на балетската претстава „Ma Mere l’Oie“ во престижната париска палата Гарние. Учениците од Балетската школа при Париската опера ги носеа креациите на Ношпал и на двата балетски концерти, „Concerto en re“ и „Raymonde“.

Честитки!

 

 

 

9. Апостол Тноковски го дизајнираше ICARUS, „летачот“ –  паметен рачен часовник

Менторот на Академијата за ентериер и продукт дизајн го претстави своето најново дело – рачниот паметен часовник, суштински додаток за модерната ера. ICARUS e инспириран директно од грчката митологија и приказната за Икар кој летал премногу блиску до сонцето.

Дизајнот всушност го симболизира стремежот да се достигнат нови височини – така што елеганцијата му е во самата линија и облини, а телото од нерѓосувачки челик.

Безвремен дизајн, браво Апостол!

 

 

 

10. Гордана Вренцоска со плакат за изложбата на ДЛУМ, „Експериментален цртеж“

Менторката на Академијата за графички дизајн, уметницата Гордана Вренцоска, го изработи дизајнот на плакатот за изложбата на ДЛУМ, под наслов „Експериментален цртеж, 2023“, каде учествуваа преку 30 уметници со дела во техника цртеж на хартија.

Освен постерот, таа учествуваше и со своето дело „Љубовен триаголник“.

 

 

 

11. Драги Неделчевски доби Прва награда на „Денови на македонска фотографија“

На годинешното 61-во издание на манифестацијата „Денови на македонска фотографија“ на Фото сојузот на Македонија, нашиот драг ментор Драги Неделчевски се закити со прва награда за колекцијата сочинета од три фотографии, насловени „Артефакти“.

Честитки маестро!

 

_____

 

Уписите за новата Академска 2023/24 година се во тек!

+ Aплицирај за стипендија во СКАЛА!



Погледни што се случуваше оваа пролет 2023.

 

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: