Разговаравме со нашите студенти Сара Фиданоска, Александра Стојковска и Марија Ангелова, студенти на Академијата за графички дизајн , за нивниот семестрален проект по предметот фотографија: „Рекреација на култно сликарско дело” под менторство на Дејан Џолев и асистенција на Антонио Станков.
Александра го избра делото на Каспaр Давид Фридрих, познатиот „Wanderer above the sea of fog“, Сара делото на домашниот сликар Ване Костуранов „Nude“, a Mарија го рекреираше делото на Eдвард Хопер, „Lady in pink“.
Го избрав ова дело затоа што…
Александра: За делото „Талкачот над морето од магла” од Casper David Friedrich, најпрвин се одлучив поради носталгични причини. Ме потсетува на мојот роден град и погледот којшто го имам кога ќе отидам на село, по што веднаш го замислив процесот на фотографирање. Втората причина е извонредноста на самото дело коешто истовремено во мене буди чувство на мир и бунтовност.
И секако, да не заборавам, го имав вистинскиот модел. 🙂
Сара: Го избрав ова дело, бидејќи ми беше највпечатливо. Доста се мислев додека биравме дело за рекреација, но упорно некако се навраќав на него. Многу ми се допаднаа ликовите и колоритот и бев нестрплива да се обидам да го рекреирам истиот свет во фотографија.
Марија: Кога биравме дело за рекреација, најпрвин го видов делото на Едвард Хопер и бев импресионирана со тоа што авторот со самото негово дело го одразува чувството на анксиозност и осаменост, како и социјалната изолација, односно исклучувањето од реалниот свет.
При процесот на креирање, се соочив со…
Сара: Постпродукцијата ми одзеде поприлично многу време. Сакав секој пиксел од делото да ми биде совршен и не очекував дека ќе треба толку едитирање, но сепак ова ми беше еден од најинтересните проекти за реализирање досега.
Александра: Процесот на креирање за мене беше тринеделна авантура. Се соочив со многу потешкотии поради тоа што беше период на празници и не бев во можност континуирано да остварувам комуникација со менторите. Спојувањето на 18 различни фотографии во една, од прва ми звучеше невозможно за мене, но со тешки маки успеав и презадоволна сум од крајниот резултат. Без разлика на сѐ, повторно би ги повторила четирите сета на отворено, планинарењето и дружбата за време на процесот на креирање.
Марија: Голем предизвик ми беше монтирањето на повеќе фотографии во една. Изгубив многу време за да го достигнам крајниот резултат, но уживав во процесот, бидејќи првпат се соочив со таков предизвик и научив многу нови работи.
За соработката при процесот, за менторот Дејан Џолев и асистентот Антонио Станков би сакал/а да кажам…
Александра: Без знаењето коешто тие ми го пренесоа, мојата фотографија немаше да постои. Одлични се.
Сара: Немам доволно пофални зборови за да опишам колку сум задоволна од соработката со менторите. Многу работи научив од Дејан Џолев и кога и да имав прашање за делото, тој беше тука да ми помогне.
Марија: Одлични ментори, направија одлична пријателска атмосфера со нас, така што нѐ мотивираа да го вложиме целиот наш труд.
ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ 6 АКАДЕМИИ ЗА ДИЗАЈН [ТУКА]
Академија за графички дизајн
Академија за UX/UX+ дизајн
Академија за визуелни уметности
Академија за моден дизајн
Академија за ентериер и продукт дизајн
Академија за фотографија
Другарски совет за сите оние кои сакаат да се запишат на Академија во Скала…
Александра: Мојот совет е да не чекаат ни минута повеќе. Запишувањето на академијата е мојата најдобра одлука досега и со сигурност можам да кажам дека конечно се пронајдов себеси. Од срце би им ја препорачала „Skala“ на сите кои сакаат да студираат графички дизајн.
Бидете храбри и ослободете ја уметноста во вас!
Сара: Дефинитивно мој совет е да се запишат и да се посветат на академијата. Таа една година вреди да дадете сѐ од себе.
Марија: Доколку сакате да ги развиете вашите вештини како креативна личност, оваа академија е идеална за вас. Ќе мора да бидете вешти и ведри, да прифаќате критика, бидејќи тоа е единствениот пат до подобрување на вашите вештини како графички дизајнер.