Седнавме со мегапопуларниот чат GPT на муабет, да ни каже што знае за нас. За некои работи имаше чуено, но за други мораше да го дополниме…
Прашавме: Можеш ли да ми кажеш нешто повеќе за Скала?
GPT: Да, Скала е приватна образовна институција која се наоѓа во Скопје, Македонија. Основана е во 2015 година со цел да обезбеди висококвалитетно образование во областа на дигиталните уметности и дизајн.
СКАЛА: Приватни сме, образовни сме, неформални сме. Точно. Но, имаш мала грешка во датумот. Скала постои уште од далечната 2012та година, во првите години како „Џолев и уметностите“ за подоцна да се ребрендира во „Скала School“.
GPT: Скала нуди тригодишни Академии за дигитални уметности и дизајн, како и кратки курсеви и работилници за графички дизајн, моушн дизајн, веб дизајн и анимација.
СКАЛА: Овде ќе треба да те дополниме; GPT: нашите Академии се едногодишни, а некои од нив се и единствени по својата програма. Моушн дизајн и анимација ги покриваме на Академијата за визуелни уметности , веб дизајн е дел од Aкадемијата за UX/UI + дизајн која е единствена на пазарот кадешто се изучува и веб-девелопмент и Word Press. Најпопуларната во моментов е Академијата за графички дизајн, а ексклузивни и единствени на пазарот се Академијата за моден дизајн, Академијата за фотографија и Академијата за ентериер и продукт дизајн.
На часовите на нашите Академии се здобивате со теоретско, но и практично знаење и имате шанса да учите од врвни професионалци во областа.
GPT: Наставната програма во Скала е дизајнирана да им обезбеди на студентите силна основа во дизајнот и техниките, како и практични вештини и искуство во индустријата – стандарден софтвер и алатки. Академиите се менторираат од искусни професионалци кои работат во областа кои се посветени да им обезбедат на студентите сеопфатно и практично образование.
СКАЛА: За сѐ овде си во право, GPT. Ние им обезбедуваме на нашите студенти соодветна опремени фото и видео студио, како и модно атеље и сите потребни услови за работа за секоја од Академиите.
Евентуално би те поправил овде: Нашите ментори не се само најискусни, туку се едни од најдобрите во неформалната образовна заедница!
ПОГЛЕДНИ ПОВЕЌЕ ЗА СИТЕ 6 АКАДЕМИИ ЗА ДИЗАЈН [ТУКА]
GPT: Покрај своите академски програми, Скала организира и различни настани, вклучувајќи работилници, семинари и изложби, кои имаат за цел да промовираат дигитална уметност и дизајн во Македонија и регионот. Скала исто така соработува со локални и меѓународни компании и организации, обезбедувајќи им на студентите можности за пракса, проекти и други активности поврзани со индустријата.
СКАЛА: Апсолутно си во право! Единствени сме во организирањето настани, студентски изложби и работилници, како и презентации на студентите пред компаниите. Те информирам дека и нашата студентска платформа „Скала Магазин“ е активна и единствена исто така по својата отвореност и достапност за сите студенти кои работат и сакаат да се вклучат во градењето на заедницата и содржината.
GPT: Севкупно, училиштето Скала е важна институција за развој на дигитални уметности и образование за дизајн во Македонија, и им дава на студентите вредна можност да продолжат со кариерата во оваа динамична и брзо развивачка област.
СКАЛА: Секако GPT: Тоа ни е најважно! Не заборавај дека освен што им нудиме на студентите можност за учење, презентација пред компании, искуство на пракса и вработување, тие ја имаат и „Скала Магазин“ платформата на која можат да се себепромовираат, вмрежуваат и поддржуваат со креативната заедница.