Skip to content

„Пракса? Едвај чекав“ – Нашите „Скала“ студенти на пракса!

 

Преку 60 студенти од Скала-Школата за дизајн, уметност и технологија, летово ја имаа можноста откако ги завршија циклусот студии, да влезат во практична примена на своите знаења во различни компании.

Издвојуваме тројца од нив кои си ја „пробаа среќата“ и ни раскажаа какво им е искуството периодов додека се на пракса.

 

Си зборнавме со Андријана Антова, студентка на Академијата за графички дизајн која е на пракса во маркетинг и адвертајзинг агенцијата New Moment , но и со Мартин Чичовски, наш студент на Академијата за визуелни уметности, кој е на пракса во маркетинг агенцијата Division. Ја прашавме и Ана В’чкова, студентка на Академијата за визуелни уметности какво е искуството досега -таа од неодамна е на пракса во маркетинг агенцијата Brand Union.

Aндријана Антова

 

Андријана ужива на пракса во New Moment, затоа што голема радост и е можноста за откривање на нови страни од нејзината професија како Графички дизајнер.

New Moment е маркетинг и адвертајзинг агенција основана во 1993 година, со преку 100 интернационални награди и главен интерес за телевизиска и филмска продукција, серии и тв шоуа.

Едвај чекав! Чекор напред, нешто ново, исполнето со нови искуства и вештини. За практикантската работа би кажала дека е предизвикувачка, но дефинитивно ме мотивира да го разгледувам тој свет и да не се откажам. Секоја зададена задача, дури и онaa што можеби изгледа лесно, секоја ми е интересна на свој начин, и секогаш има нешто ново да се открие. А најинтересно ми е тоа дека – можеш да си слушаш музиче, и да си работиш. Сето тоа не би било така без тимот кој секој ден носи позитивна енергија на работното место.

Многу насмевки на луѓе од кои може многу да се научи. Работа + убаво поминато време. Така оваа практична реалнот за мене е многу значаен дел, кој дефинитивно ме носи една скала погоре – вели Андријана.

Мартин Чичовски

Мартин-Чичовски-академија-визуелни-уметности-Скала-Џолев

 

Мартин ни сподели дека многу му е забавно на пракса како Видеограф, и дека тој е „најмал“ во кругот, но тоа за него значи можност да научи што повеќе. Тој неодамна имаше премиера на својот прв сериски филм од шест епизоди „Генерација Бушави“, во Кино Милениум пред бројна публика. Честитаме Мартин!

Division е маркетинг агенција со преку 20 години творечко постоење, почнувајќи од 2001 година. Освен што ја водат кампањата за првата македонска стриминг платформа Gley, тие имаат преку 40 клиенти со кои соработуваат.

 

Првата недела на пракса беше подолга од втората, барем во мојата глава, не буквално.

Недела бр. 1

Од понеделник до петок времето ми беше исполнето со запознавање со колегите, обзервација и предозирање со Цевитана. Во Division имаме прекрасни услови за работа, квалитетна опрема и нетрадиционална работна атмосфера, што е доста невообичаено кај нас. Пред да бидам награден со задача, најпрво мораше да ги откријам своите креативни способности, и тоа не е нешто што се случува преку ноќ. Следниот чекор би бил надоградба, односно да учам преку набљудување и работа, а ова сметам дека е нешто што нема рок на траење. Се наоѓам во круг на луѓе кои се постари од мене, и имаат многу поголемо искуство, всушност јас сум најмал во кругот. Заминав на пракса со цел да учам, не знам дали би одлучил да останам тука да работам. Планирам да продолжам со студии во САД, а праксата би ми помогнала да се качам скала погоре до целта – ни кажа Мартин.

 

Ана В’чкова

 

Убави впечатоци ни сподели и Ана, која во Brand Union како Графички дизајнер, веќе ги воочува разликите од студент во практикант, но тоа секако ја охрабрува.

Brand Union постојат повеќе од 10 години како маркетинг агенција која освен што прави дигитални кампањи за своите брендови, организатор е на настани, како и продукција на видео и фотографија.

Праксата за мене претставува позитивно искуство бидејќи имам можност да го применам досегашното здобиено знаење. Добивам можност да се надоградам од технички и креативен аспект и да работам во позитивна и конструктивна атмосфера со колеги кои ме охрабруваат и насочуваат кон подобрување. Разликата што ја воочувам при транзиција од академија во “практикантско столче” е во тоа што на академијата при процес на учење имав повеќе време за разработка на решенија и дизајн размислување додека сега се учам кон поекспедитивно донесување на одлуки, што секако има свои предности.

Менторите од академијата ни ги претставија техничките можности на програмите и алатките, но уште побитно и позначајно за мене беше тоа што тие предавања не беа сувопарни туку синтеза од технички можности, креативно размислување, разговори за уметност и дизајн, изложби и настани. Имав ментори кои ме охрабруваа да правам исчекори, да бидам посигурна во себе и слободно да творам. Прекрасно е кога има луѓе кои те гледаат со очи полни ентузијазам додека зборуваш за своите идеи и дела, давајќи ти искрени насоки, коментари и критики. – вели Ана.

И ние се радуваме со вас, девојки и момци!
Продолжете да бидете кул и учете, создавајте, менувајте се и секогаш уживајте во професионалната надградба!

 

Фотографии: Антонио Станков

 

✰ ✰ ✰

 

 

Уписите за новата Академска 2022/23 година се во тек.

Уписите за 14 обуки од областа на дизајнот, уметностите и технологија се во тек!

 

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: