Традиционално, секое лето во „Скала“ Школата за дизајн, уметност и технологии се дружиме и правиме настани на кои ги поврзуваме студентите со менторите. Така и овој пат, во два дена беа направени многу коктели, се запознавме едни со други и уживавме во разговорите.
„Дизајн, коктели, технологии и апетисани“ овојпат ги собраа на купче менторите и многу од заинтересираните кои на Отворените денови дојдоа да поразговараат и низ коктели, да дознаат повеќе за можностите за кариера, дилеми и искуства поврзани со Академиите за моден дизајн, графички дизајн, визуелни уметности, UX/UI + дизајн и ентериер и продукт дизајн.
Новата генерација на овие Академии ќе започне на 17 октомври, 2022, а УПИСИТЕ се во ТЕК!
Се споделија различни искуства, се разговараше на различни теми од индустријата, а многумина имаа шанса и директно да се поврзат со менторите и нивните академски програми, работата, да дознаат повеќе за можностите на пазарот и секако – да се дружат.
Во релаксирана атмосфера, имавме два дена во кои успешно ги пренесовме знаењата и искуствата на менторите на сите кои беа заинтересирани да слушнат и дознаат повеќе.
Па, следното лето да се видиме пак!
НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ, УПИСИТЕ ЗА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА 2022/23 СЕ ВО ТЕК!
★ ЗАШТЕДИ 300 ЕВРА СО РАН УПИС ДО 30ти ЈУЛИ! ★
Фотографии: Маријан Стојановски