На 30 јуни во 20:00 часот, Јавна соба беше вистинско собиралиште на вљубениците на уметноста. Вечерта беше поставена завршна ИЗЛОЖБА од Курсот по Фотографија, Цртање и сликање, а беа проектирани и кратки филмски етиди и кратки филмови од Обуките за Филмски актер и Филмска режија.
Погледнете ја атмосферата и расположението на гостите и учесниците. Многу фотографии, многу уметнички дела и врвулица луѓе пред нив кои сакаа да „украдат“ момент од вечерта.
Освен отворената изложба, гостите уживаа и во проекцијата на кратки филмски етиди и кратки филмови.
Вечерта беа доделени и СЕРТИФИКАТИ од страна на менторите за целата XXI сезона на обуки и курсеви кои се реализираа во период од март до јуни 2022 година.
Учесниците од ОБУКИТЕ за СЕЗОНА XXI беа следниве:
• ФОТОГРАФИЈА
• ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ
• ФИЛМСКИ АКТЕР
• ФИЛМСКА РЕЖИЈА
• ADOBE ILLUSTRATOR
• ADOBE PHOTOSHOP
• ADOBE AFTER EFFECTS И ADOBE PREMIERE
• UX/UI дизајн
Уписите за новата сезона на ОБУКИ започнуваат на 15 август, но вие можете да направите предрегистрација на следниов линк.
- НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ, УПИСИТЕ ЗА НОВАТА АКАДЕМСКА ГОДИНА 2022/23 СЕ ВО ТЕК!
★ ЗАШТЕДИ 300 ЕВРА СО РАН УПИС ДО 30ти ЈУЛИ! ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА 076 266 740. ★