Студенти од Академијата за моден дизајн се претставија на Скопски моден фестивал
Модниот фестивал, започна на 10ти ноември, а ќе трае до 20ти ноември. На овој настан, ја имавме честа и можноста да учествуваме со креации од нашите студенти од генерацијата 2021/22 на Академијата за моден дизајн, односно да ги претставиме нивните дела во текот на ревиите и како дел од поставката во шоу-румот.