Skip to content
скала-дизајн-азбука-академија-за-моден-дизајн

Азбука на Моден Дизајн со Никола Ефтимов

Официјалното и единственото писмо на поими на Никола Ефтимов. Ментор на предметите Вовед во моден дизајн, Историја на мода и Модна колекција на Академијата за моден дизајн.

А • Ампир, но и антерија.

Б • Брокат, ткаенина што умее да раскаже многу возбудливи приказни.

В • Вионе [Madeleine Vionnet], кралицата на кроењето на косо.

Г • Гре, Мадам Гре [Madame Grès], ја преведе античката драперија од скулптура во облека.

Д • Дали [Salvador Dalí], поради Скјапарели [Elsa Schiaparelli].

Ѓ • Ѓерѓеф.

Е • Еколошка мода.

Ж • Животот ѝ го посветив на модната едукација.

З • Зулендер [морав].

S • Ѕиври кога студи, ич да не му ја мислиш.

И • Италија, поради поетичната префинетост [не само во модата] и моите мастер студии.

Ј • Јаток.

К • Кринолина, романтичем хир што ја дефинираше женската силуета на средината на 19-от век и предизвика недолжни жртви.

Л • Луј XIV [сѐ е кажано, а можеби и не].

Љ • Љубителка на егзотични парфеми.

М • Макарони, не за јадење [ги изедов], туку како помодната „банда“ Англичани од втората половина на 18-от век.

Н • Неглижето од свила и небула велот [постои], го сторија своето. Луѓето се разбегаа од страв.

Њ • Њоки здолниште [сега го измислив].

О • Опасни врски, филм од 1988-та година [Dangerous Liaisons, Stephen Frears], поради костимите [и не само] ♥

П • Пурпур, но и панк.

Р • Реи Кавакубо [Rei Kawakubo; Comme des Garçons].

С • Светлосен одблесок на парчето свила.

Т • Тартан, но и тантела [особено белгиската].

Ќ • Ќудлив нарав има модата, а те тера и ќесето да го одврзуваш.

У • Улава модна жртва и Улав I Тригвасон [Olav I Tryggvason, поради Викизите].

Ф • Фортуни [Mariano Fortuny y Madrazo], поради генијалната и темелна игривост.

Х • Хабутаи/Хаботаи.

Ц • Цевка здолниште, да не пукнеш.

Ч • Чанта.

Џ • Џинс.

Ш • Шал за различни шии [би сакал повторно да почнам од буквата А].

Пријавувањето за новата учебна 2019/20 е во тек. Прочитајте повеќе информации за програмата и менторите на Академија за моден дизајн.

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: