Skip to content

Академија за фотографија и визуелно креирање

Академијата за фотографија во Скопје е наменета за оние што сакаат да го развијат својот визуелен израз и да изградат реална основа за кариера во фотографијата. Програмата се одвива со физичко присуство и нуди структуриран и практичен пристап, работа на реални проекти и менторска поддршка, со јасен фокус на визуелно раскажување и креативна примена на AI.
Академијата за фотографија претставува 9-месечна, темелно конципирана образовна програма која комбинира практична работа во студио и на терен, современи фотографски методологии и примена на релевантни AI-поддржани и Adobe алатки, како основа за професионален развој и почеток на кариера.
студенти на академија за фотографија во скала работат во студио

За кого е академијата?

студенти на академија за фотографија во скопје студиско фотографирање

Ментори

8

Портфолио

Реален проект

Апликации

Уште 10 слободни места

Можности

+20 компании

За време на академијата

Креирај го твоето фотографско портфолио преку работа на реални проекти и менторство од професионални фотографи, како подготовка за професионална работа во студија, продукциски тимови или како самостоен автор и фриленсер.

скала школа за дизајн

Твојата прва скала

По академијата студентите се насочуваат кон пракса, ангажмани или вработување преку воспоставен систем на соработка со компании и студија од креативната индустрија. Процесот се темели на квалитетот на портфолиото, ангажманот за време на академијата и препораки од менторите.

Карактеристики

260 часа

120 часа

9 месеци

почетно

15

физичко присуство

Можности за финансирање

2250 €

500 евра попуст

20 месечни рати

временски план

15.10.2026 - Почеток на настава

јуни 2027 - Крај на настава

јули 2027 - Изложба на дизајн

сеп. 2027 - Можност за пракса во компанија

Аплицирај во ран уписен рок!

Оваа година, на располагање се:

  • -500 € за упис до 15 мај
  • до 20 месечни рати без камата

Учи од најдобрите

Ментори кои се врвни професионалци и експери во индустријата

По академијата​

Те поврзуваме со најголемите компании од индустријата

Резултат

Нашите студенти се вработени и активно работат во креативната индустрија.

Предмети

Семестар I

основи на фотографија
  • основи на фотографијата и фотографското размислување
  • технички карактеристики и ракување со фото-камера
  • разбирање на светлосни услови и работа со природно и амбиентално светло
  • практични фотографски вежби и проекти
    различни фотографски
  • дисциплини (портрет, документарна, пејзажна, концептуална фотографија)
  • користење AI алатки како поддршка во подобрување на фотографија
ФОТОГРАФСКИ ЕЛЕМЕНТИ И ПРИНЦИПИ
  • композиција и организација на визуелен простор
  • теорија на боја, значење и психологија на бојата,
  • контраст и хармонија
  • линија и форма, органски и геометриски структури,
  • негативен простор
  • текстура и патерн,
  • естетика, визуелна вредност, критериуми и развој на личен визуелен стил
ПОСТПРОДУКЦИЈА И МОНТАЖА НА ФОТОГРАФИЈА / ADOBE Photoshop
  • ADOBE Photoshop + Camera Raw
  • основи на обработка
  • работа со layers, masks и blending modes
  • корекција на светло, контраст и тонски опсег
  • корекција и контрола на боја
  • ретуширање и чистење на фотографија
  • фотомонтажа и комбинирање на повеќе фотографии
  • користење AI алатки во Photoshop
креативна продукција
  • разбирање на креативната продукција како процес (идеја → концепт → реализација)
  • улоги и одговорности во креативен и продукциски процес
  • развој на креативна идеја и концептуално размислување
  • визуелна насока и креативен правец (што, зошто и како се создава)
  • планирање и организација на креативна продукција
  • работа со бриф, задачи и ограничувања
  • основи на продукциска логика (рокови, ресурси, формати)
  • комуникација и соработка во креативен тим
  • подготовка за продукција во различни медиуми (фото, графика, видео)
  • разбирање на контекст: публика, платформа и намена на содржина
ИСТОРИЈА И ТЕОРИЈА НА ФОТОГРАФИЈА
  • вовед во фотографија
  • предисторија на фотографија
  • историја на фотографија во xix век
  • историја на фотографија во xx век
  • теорија на фотографија
  • фотографијата во македонија

Семестар II

ТЕХНИКИ НА ОСВЕТЛУВАЊЕ И СТУДИСКА ФОТОГРАФИЈА
  • типови и техники на осветлување во контролирани услови
  • работа со студиска опрема, алатки и реквизити
  • студиска фотографија со фокус на портрет и продукт фотографија
Видео содржини и нови медиуми
  • разбирање на екосистемот на нови медиуми (TikTok, Instagram Reels, YouTube Shorts, emerging platforms)
  • CapCut како алатка за брза видео продукција и адаптација на содржина
  • workflow во CapCut: од суров материјал до подготвен видео формат
  • адаптација на видео содржина за различни платформи и формати
  • развој на конзистентен визуелен стил
  • развој на video-first стратегија според платформа и публика
  • content formats и наративи за кратка видео форма
  • стратегиско планирање на видео содржина (series, campaigns, testing)
ai во фотографија и креативно размислување
  • AI како поддршка во фотографскиот креативен процес
  • развој на идеја и концепт со помош на AI алатки
  • AI во анализа, селекција и читање на фотографија
  • визуелна експлорација и варијации како дел од авторски процес
  • однос помеѓу фотографија, интервенција и генерирањето
  • AI како алатка за  креативно размислување
ДОКУМЕНТАРНА ФОТОГРАФИЈА
  • фоторепортажа и документарен пристап
  • новинска и евент фотографија
  • фото-есеј како наративна форма
КОНЦЕПТ ФОТОГРАФИЈА
  • применета фотографија во адвертајзинг
  • уметничка и авторска фотографија како личен визуелен став
  • модна фотографија како концепт и продукт
  • експериментална фотографија во контекст на нови медиуми
КАРИЕРА И ЛИЧЕН РАЗВОЈ
  • личен брендинг, PR и професионална промоција
  • презентациски и комуникациски вештини
  • стратегија за личен и професионален развој
  • основи на бизнис-модели и самостојна работа
  • стартап размислување и претприемачки пристап
  • маркетинг и продажба во креативен контекст

Скала-ленд

Ментори и наставен тим

Стекни нови вештини учејќи од искустни професионалци од индустријата, кои се подготвени да ти го пренесат своето знаење и да ти помогнат да го оствариш твојот потенцијал.

ДРАГИ НЕДЕЛЧЕВСКИ
ФОТОГРАФ
ДЕЈАН ЏОЛЕВ
ВИЗУЕЛЕН АРТИСТ / ФИЛМСКИ РЕЖИСЕР / УМЕТНИЧКИ КООРДИНАТОР

Скала

фејми даут скала
ФЕЈМИ ДАУТ
ДИРЕКТОР НА ФОТОГРАФИЈА
ПЕТАР ПАВЛОВ
МУЛТИДИСЦИПЛИНАРЕН ДИЗАЈНЕР СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА РАЗВОЈ НА БРЕНД
НЕБОЈША ВИЛИЌ
УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОР

Факултет за ликовни уметности

АНТОНИО СТАНКОВ
ФОТОГРАФ

Studio 1

КРИСТИНА КРАГУЈЕВСКА
АДВОКАТ / ПРАВЕН ЕКСПЕРТ

Konrad Partners

КРСТО ЗЛАТКОВ
ГЕНЕРАЛЕН МЕНАЏЕР

Институт за дизајн и технологии – ИДТ Скопје

ЗАПОЧНИ СО СКАЛА

Искачи се едно скалило повисоко од останатите!
Не ја пропуштај можноста да ја имаш кариерата што ја посакуваш.
Те очекуваме!

Често поставувани прашања

КАКО ДА АПЛИЦИРАМ?

Аплицирањето е брзо и едноставно, преку пополнување на нашата онлајн апликација. По апликацијата, нашиот тим те контактира за краток разговор и договор за следните чекори.
Доколку преферираш, можеш и лично да нè посетиш или директно да нè контактираш на 076 266 740.

Колку трае академијата и каков е форматот на наставата?

Академијата трае 10 месеци и се одвива со физичко присуство.
Наставата се реализира 3–4 пати неделно, во попладневни термини, со јасно структуриран распоред што овозможува усогласување со работа или студии.

Програмата бара континуиран ангажман, но е дизајнирана така што студентите постепено влегуваат во реален работен ритам – преку практична настава, работа на проекти и директна комуникација со менторите.

Како Академијата помага при вработување и пракса?

Сите академии во Скала се конципирани како подготовка за реална работа во креативната индустрија, а не само како едукативен процес.

За време на академијата, студентите работат на реални проекти, градат професионално портфолио и добиваат менторска поддршка од активни професионалци од индустријата.
Процесот е насочен кон практична примена, професионални стандарди и развој на вештини кои се барани од компании и студија.

По завршувањето, студентите учествуваат на настанот „Скала по скала“, каде што јавно го презентираат своето портфолио пред компании, студија и HR претставници од креативната индустрија.
Врз основа на квалитетот на портфолиото, ангажманот за време на академијата и препорака од менторите, студентите се насочуваат кон пракса, ангажман или вработување.

Ова не е автоматски процес, туку реален и селективен систем, кој овозможува директна поврзаност меѓу студентите и индустријата.

Кои се опциите за плаќање?

Овозможуваме повеќе флексибилни опции за плаќање, со цел академијата да биде достапна за различни ситуации:

Еднократно плаќање со попуст
При уплата на целиот износ, студентот добива попуст од 100 евра.
Оваа можност важи во периодот на ран упис, додека цената е најповолна.

Плаќање на рати – без камата
Нудиме можност за плаќање на до 20 месечни рати, без дополнителни трошоци и камати.
Бројот на рати и планот за исплата се договараат индивидуално со секој студент.

Важно е да се напомене дека со секој нареден месец, цената на академијата постепено се зголемува, па ранaта апликација значи поповолни услови и поголема финансиска флексибилност.

Дали е потребно предзнаење?

Не е потребно претходно предзнаење во областа.
Потребни се основни компјутерски вештини, редовност и сериозна посветеност кон програмата.

Наставата е структурирана така што студентите постепено ги градат знаењата од основа, а активното учество и практичната работа се клучни за постигнување на резултати.

Каде се одвива наставата?

Наставата се одвива во просториите на Скала, лоцирани во центарот на Скопје.

Покрај училниците, Скала нуди високостандардизирани работни, продукциски и креативни простори, опремени за практична настава, развој на проекти и професионална примена.

Физичкото присуство и квалитетот на просторот се суштински дел од искуството и ја прават наставата поблиска до реалната работа во креативната индустрија.

Кои вештини и знаења ќе ги стекнам?

Во рамки на академијата ќе стекнеш практични знаења и вештини во областа на фотографијата, со фокус на светло, композиција, кадар, визуелно раскажување и обработка на фотографија. Ќе учиш како да создаваш фотографии со јасна идеја и концепт, користејќи професионална фотографска опрема и софтвери како Adobe Lightroom и Photoshop, како и AI-алатки за селекција, обработка и оптимизација на визуелниот процес.

Преку работа на реални проекти ќе развиеш вештини за работа во различни фотографски жанрови – портрет, модна, продукт, документарна и комерцијална фотографија, комбинирајќи техничко знаење со креативен пристап. Во процесот ќе соработуваш со модели, клиенти и креативни тимови, градејќи професионален пристап и портфолио под менторство на искусни фотографи од индустријата.

Што по завршување на академијата?

По завршување на програмата, студентите излегуваат со комплетно изградено професионално портфолио и јасна насока за влез во индустријата. Академијата завршува со јавна презентација и завршна изложба, каде што студентските проекти се претставуваат пред компании и професионалци од креативните индустрии.

Преку воспоставен систем на соработка со компании, студентите ги презентираат своите портфолија пред потенцијални работодавачи, по што дел од нив продолжуваат на пракса, проектен ангажман или добиваат понуда за вработување. Процесот е поддржан со менторски препораки, кариерно насочување и директна поврзаност со индустријата.

Академијата не завршува само со диплома, туку со реална можност за професионален ангажман.

Trusted by

Направи поволен финансиски план

Уплата до 15 мај

Уплата до 20 рати без камата
77 Месечно
  • заштеда од 500€ за рана уплата
  • 100€ попуст за уплата на целиот износ
  • 50€ попуст за секоја препорака
  • твојата желба за студирање е наш приоритет
Активно

Уплата до 15 јули

Уплата до 18 рати без камата
97 Месечно
  • заштеда од 300€ за рана уплата
  • 100€ попуст за уплата на целиот износ
  • 50€ попуст за секоја препорака
  • твојата желба за студирање е наш приоритет

Уплата до 15 септември

Уплата до 16 рати без камата
122 Месечно
  • заштеда од 100€ за рана уплата
  • 100€ попуст за уплата на целиот износ
  • 50€ попуст за секоја препорака
  • твојата желба за студирање е наш приоритет

Што кажуваат Скала студентите

Тестимонијали

Знаењето стекнато во Скала е многу повеќе од изучување на вештини!
Нашиот најголем фокус е професионалниот развој на студентите.

Теона Димова

Неформалното образование е убедливо најдобрата опција да зачекорите во графичкиот дизајн и да се стекнете со огромен фонд на знаење од искусни ментори.

Аника Радевски

Овој сајт [skala.edu.mk] е едно од моите први искуства во UX/UI кариерата. Се радувам на можноста да соработувам со тимот од професионалци на Tivius и секако ништо од ова не би било можно без студирањето на академијата.

аника веб дизајн скала академија
Ивана Латинска

Од лично искуство и досегашно учење во повеќе образовни институции, би ја издвоила Академијата во Скала како најперспективна и најпродуктивна!

Теа Клинчарова

Скала за мене е од големо значење, се здобив со големо знаење и само ми е жал што Академијата не траеше повеќе од една година.

Ивана Коцева

Преку Академијата, стекнав знаења и вештини кои што сега ги применувам секојдневно, овозможувајќи  да напредувам и да придонесам во проекти во кој што сум вклучена.

Студентите создаваат

Студент Vs. Ментор

Видео рубрика каде што студентите имаат можност да поразговараат еден на еден со менторите и да ги прашаат згодни и незгодни прашања.

Гордана Вренцоска

Магистрирала дизајн на Central Saint Martins School of Art & Design. Авторка е на бројни уметнички и дизајнерски проекти, стручни и научни текстови, и книги. Редовен професор и деканка на ФАД и Менторка на Академија за графички дизајн во Скала.

Немња Пејиќ

Завршил во средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“ на смерот сликарство. Денес студент на Академијата за графички дизајн, и тату-артист.

Последни новости

UX/UI+ дизаjн /
графички дизаjн /
визуелни уметности /
UX/UI+ дизаjн /
графички дизаjн /
визуелни уметности /
фотографиjа /
моден дизаjн /
ентериер и продукт дизаjн /
фотографиjа /
моден дизаjн /
ентериер и продукт дизаjн /

Истражи ја твојата креативност и талент со Скала

скала студенти дигитален маркетинг човечки ресурси продукт оунер програмирање софтвер тестер графички дизајн
×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: