Skip to content

Академија за ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација

Академијата за ентериер дизајн и дигитална визуелизација во Скопје е професионална програма за оние што сакаат да работат како ентериер дизајнери (внатрешно уредување) или 3D визуелизатори. Преку работа на реални проекти, студентите учат како се развива концепт, како се анализира простор и како се создаваат прецизни 3D модели и визуелизации со современи 3D и AI алатки.

Академијата за ентериер дизајн и дигитална 3D визуелизација е 10-месечна професионална програма за подготовка на идни ентериер дизајнери — дисциплина што често се поистоветува со внатрешно уредување, но опфаќа поширок процес на концепт, просторна анализа и техничка разработка. Програмата комбинира практична работа, современи методологии и примена на 3D и AI алатки како SketchUp, 3ds Max и Rhino, со фокус на развој на конкурентно портфолио и подготовка за кариера како ентериер дизајнер.

студенти во скала на акдемија за ентериер дизајн

За кого е академијата?

ентериер дизајн внатрешно уредување студенти на скала работат во училница

Ментори

11

Портфолио

Реален проект

Апликации

Уште 8 слободни места

Можности

+20 компании

За време на академијата

Креирај го твоето професионално портфолио како ентериер дизајнер и 3D визуелизатор преку работа на реални просторни проекти, развој на концепт, техничка разработка и финална визуелизација, под менторство на искусни професионалци од индустријата.

скала школа за дизајн
Твојата прва скала

По академијата студентите се насочуваат кон пракса, проектни ангажмани или вработување во архитектонски студија, дизајн бироа и компании од градежната и креативната индустрија. Процесот се темели на квалитетот на изработеното портфолио, професионалниот пристап за време на академијата и препораките од менторите.

Карактеристики

320 часа

120 часа

10 месеци

15

физичко присуство

Можности за финансирање

2750 €

500 евра попуст

20 месечни рати

Од настава до влез во индустрија - временска рамка

15.10.2026 - Почеток на настава

јуни 2027 – Финализација на портфолио и професионална подготовка

јули 2027 – Јавна изложба и презентација пред индустријата

сеп. 2027 – Влез во пракса, ангажман или вработување во компании

Аплицирај во ран уписен рок!

Раниот упис значи сигурно место во група и приоритет во процесот.:

  • -500 € за упис до 15 мај
  • до 20 месечни рати без камата

Учи од најдобрите

Ментори кои активно работат во индустријата и пренесуваат реално искуство.

По академијата​

Преку нашата мрежа на компании, студентите добиваат пристап до пракси и ангажмани.

Резултат

Нашите студенти се вработуваат и започнуваат со работа веднаш по академијата.

Предмети

Семестар I

ТЕХНИЧКО ЦРТАЊЕ
  • основи на техничко цртање и визуелна прецизност
  • разбирање на размер, пропорции и скала
  • ортогонални проекции, пресеци и изгледи
  • техничка документација за простор и продукт
  • стандардни ознаки, линии и симболи во технички цртеж
  • читање и интерпретација на технички планови
  • техничко цртање како основа за 3D моделирање и дигитална визуелизација
ЛИКОВНИ ЕЛЕМЕНТИ И ПРИНЦИПИ
  • теорија на боја, значење и психологија на бојата, контраст и хармонија
  • линија и форма, органски и геометриски структури и негативен простор
  • текстура и патерн како визуелен и материјален израз
  • естетика, визуелна вредност и развој на личен стил
ТЕХНОЛОГИИ И МАТЕРИЈАЛИ
  • поим и типови материјали и нивна примена
  • материјални финиши и површински завршни обработки
  • техники и процеси на обработка на материјали
3Д МОДЕЛИРАЊЕ / Autodesk 3ds Max
  • основи на техничка подготовка за 3D моделирање
  • технички основи и работна логика на Autodesk 3ds Max
  • основи на 3D моделирање и просторна форма
  • развој на креативен концепт и дигитална форма
  • 3D визуелизација и рендеринг на продукт и простор
2Д СКИЦИРАЊЕ / SketchUp
  • технички основи и работна логика на SketchUp
  • 2D скицирање како алатка за просторна и продукт идеја
  • развој на креативен концепт преку скица
  • 2D визуелизација и основен рендеринг
  • дизајн размислување и процес од идеја до скица
3Д ПЕЧАТЕЊЕ
  • основи на адитивно производство и 3D печатење
  • дизајн и подготовка за адитивно производство
  • изработка и реализација на самостојни 3D проекти

Семестар II

ДИЗАЈН ПРОЦЕС
  • дизајн размислување и пристап кон проблем
  • структура и фази на дизајнерски процес
  • развој и артикулација на креативен концепт
  • 3D визуелизација и рендеринг на продукт
ДИЗАЈН НА ЕНТЕРИЕР
  • анализа на простор, контекст и кориснички потреби
  • просторни стандарди, ергономија и функционална организација
  • зонирање и планирање на станбени и комерцијални простори
  • употреба на мебел, размер и функционалност во простор
  • материјали, бои, текстури и нивна примена во ентериер
  • осветлување како функционален и атмосферен елемент
  • развој на концепт за ентериер и визуелна насока
  • примена на ентериер дизајн во реални проекти
ДИГИТАЛНО РЕНДЕРИРАЊЕ / Rino - Rhinoceros 3D
  • композиција и поставување на камери за просторна визуелизација
  • осветлување во функција на форма, материјал и атмосфера
  • материјализација и текстурирање на 3D модели
  • оптимизација на сцена и рендер процес
  • сетирање и финализација на рендери за презентација и портфолио
дизајн на плочест материјал / trun-cad
  • основи на дизајн и конструкција со плочест материјал
  • работна логика и интерфејс на Trun-CAD во контекст на мебел и ентериер
  • креирање и развој на елементи од плочест материјал (корпус, фронтови, модули)
    конструктивни решенија, споеви и техничка
  • изведба
  • подготовка на техничка документација и работилнички цртежи
  • оптимизација на материјал и припрема за
  • CNC и сериско производство
  • поврзување на дизајн
  • идеја со реална изработка и производство
AI и дигитална интелигенција
  • основи на AI и дигитална интелигенција во дизајнерски контекст
  • AI како поддршка во развој на концепт и идејни варијации
  • generative пристапи во просторен и продукт дизајн
  • AI во анализа, оптимизација и сценарија за дизајнерски решенија
  • примена на AI во визуелизација, презентација и комуникација на дизајн
  • AI како алатка за размислување и одлуки
КАРИЕРА И ЛИЧЕН РАЗВОЈ
  • личен брендинг, PR и професионална промоција
  • презентациски и комуникациски вештини
  • стратегија за личен и професионален развој
  • основи на бизнис-модели и самостојна работа
  • стартап размислување и претприемачки пристап
  • маркетинг и продажба во креативен контекст

 

Скала-ленд

Ментори и наставен тим

Стекни нови вештини учејќи од искустни професионалци од индустријата, кои се подготвени да ти го пренесат своето знаење и да ти помогнат да го оствариш твојот потенцијал.

АПОСТОЛ ТНОКОВСКИ
ИНДУСТРИСКИ ДИЗАЈНЕР
ИЛИЈА ПАУНКОВ
АРХИТЕКТ, ДИЗАЈНЕР НА ЕНТЕРИЕР

BH Architects

љупчо-васиќ-академија-за-ентериер-и-продукт-дизајн-скала-џолев
ЉУБОМИР ВАСИЌ
НИКОЛА УЗУНОВСКИ
ДИЗАЈНЕР И УМЕТНИК
НЕБОЈША ВИЛИЌ
УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФЕСОР

Факултет за ликовни уметности

ДЕЈАН ЏОЛЕВ
ВИЗУЕЛЕН АРТИСТ / ФИЛМСКИ РЕЖИСЕР / УМЕТНИЧКИ КООРДИНАТОР

Скала

ЈЕЛЕНА ЏОКИЌ
УНИВЕРЗИТЕТСКИ ПРОФ.

Машински факултет

КРИСТИНА КРАГУЈЕВСКА
АДВОКАТ / ПРАВЕН ЕКСПЕРТ

Konrad Partners

КРСТО ЗЛАТКОВ
ГЕНЕРАЛЕН МЕНАЏЕР

Институт за дизајн и технологии – ИДТ Скопје

ЗАПОЧНИ СО СКАЛА

Искачи се едно скалило повисоко од останатите!
Не ја пропуштај можноста да ја имаш кариерата што ја посакуваш.
Те очекуваме!

Често поставувани прашања

КАКО ДА АПЛИЦИРАМ?

Аплицирањето е брзо и едноставно, преку пополнување на нашата онлајн апликација. По апликацијата, нашиот тим те контактира за краток разговор и договор за следните чекори.
Доколку преферираш, можеш и лично да нè посетиш или директно да нè контактираш на 076 266 740.

Колку трае академијата и каков е форматот на наставата?

Академијата трае 10 месеци и се одвива со физичко присуство.
Наставата се реализира 3–4 пати неделно, во попладневни термини, со јасно структуриран распоред што овозможува усогласување со работа или студии.

Програмата бара континуиран ангажман, но е дизајнирана така што студентите постепено влегуваат во реален работен ритам – преку практична настава, работа на проекти и директна комуникација со менторите.

Како Академијата помага при вработување и пракса?

Сите академии во Скала се конципирани како подготовка за реална работа во креативната индустрија, а не само како едукативен процес.

За време на академијата, студентите работат на реални проекти, градат професионално портфолио и добиваат менторска поддршка од активни професионалци од индустријата.
Процесот е насочен кон практична примена, професионални стандарди и развој на вештини кои се барани од компании и студија.

По завршувањето, студентите учествуваат на настанот „Скала по скала“, каде што јавно го презентираат своето портфолио пред компании, студија и HR претставници од креативната индустрија.
Врз основа на квалитетот на портфолиото, ангажманот за време на академијата и препорака од менторите, студентите се насочуваат кон пракса, ангажман или вработување.

Ова не е автоматски процес, туку реален и селективен систем, кој овозможува директна поврзаност меѓу студентите и индустријата.

Кои се опциите за плаќање?

Овозможуваме повеќе флексибилни опции за плаќање, со цел академијата да биде достапна за различни ситуации:

Еднократно плаќање со попуст
При уплата на целиот износ, студентот добива попуст од 100 евра.
Оваа можност важи во периодот на ран упис, додека цената е најповолна.

Плаќање на рати – без камата
Нудиме можност за плаќање на до 20 месечни рати, без дополнителни трошоци и камати.
Бројот на рати и планот за исплата се договараат индивидуално со секој студент.

Важно е да се напомене дека со секој нареден месец, цената на академијата постепено се зголемува, па ранaта апликација значи поповолни услови и поголема финансиска флексибилност.

Дали е потребно предзнаење?

Не е потребно претходно предзнаење во областа.
Потребни се основни компјутерски вештини, редовност и сериозна посветеност кон програмата.

Наставата е структурирана така што студентите постепено ги градат знаењата од основа, а активното учество и практичната работа се клучни за постигнување на резултати.

Каде се одвива наставата?

Наставата се одвива во просториите на Скала, лоцирани во центарот на Скопје.

Покрај училниците, Скала нуди високостандардизирани работни, продукциски и креативни простори, опремени за практична настава, развој на проекти и професионална примена.

Физичкото присуство и квалитетот на просторот се суштински дел од искуството и ја прават наставата поблиска до реалната работа во креативната индустрија.

Кои вештини и знаења ќе ги стекнам?

Во рамки на академијата ќе стекнеш практични знаења и вештини во областа на ентериер дизајнот. Ќе учиш како да развиваш концепти за ентериер, од идеја до реализација, преку техничко цртање, скицирање и разбирање на конструктивни и материјални решенија.

Ќе работиш со професионални алатки како 3ds Max, SketchUp, Rhino и CAD софтвери, како и техники за 3D моделирање, рендерирање и презентација на простор. Преку реални проекти ќе развиеш вештини за дизајн на станбени и комерцијални ентериери, комбинирајќи естетика и функционалност, со примена на современи технологии и AI алатки, во соработка со ментори и професионалци од индустријата.

Што по завршување на академијата?

По завршување на програмата, студентите излегуваат со комплетно изградено професионално портфолио и јасна насока за влез во индустријата. Академијата завршува со јавна презентација и завршна изложба, каде што студентските проекти се претставуваат пред компании и професионалци од креативните индустрии.

Преку воспоставен систем на соработка со компании, студентите ги презентираат своите портфолија пред потенцијални работодавачи, по што дел од нив продолжуваат на пракса, проектен ангажман или добиваат понуда за вработување. Процесот е поддржан со менторски препораки, кариерно насочување и директна поврзаност со индустријата.

Академијата не завршува само со диплома, туку со реална можност за професионален ангажман.

Често поставувани прашања

КАКО ДА АПЛИЦИРАМ?

Брзо и едноставно, преку пополнување на нашата електронска апликација. Или можеш лично да нè посетиш. Остави ни ги твоите податоци и ќе те контактираме за да договориме за термин.

КОЛКУ ВРЕМЕ ТРAE И КАКО СЕ ОДВИВА НАСТАВАТА?

Наставата се одржува 3-4 пати неделно, со по 2-3 часа дневно. Термините за настава се секогаш попладне од 17:00 и 19:00.

Студентот може да избере дали наставата ќе ја следи целата програма со физичко присуство или комбинирано (теоретскиот дел ќе го следи онлајн, практичниот дел со физичко присуство).

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА АКАДЕМИЈАТА?

Програмата е прилагодина со цел да може да ја следат: лица без искуство кои сакаат да се преквалификуваат како и лица со искуство кои сакаат да ги усовршат своите знаења во областите на графички дизајн, фотографија, илустрација и типографија. 

Кои се опциите за плаќање?

Овозможуваме две опции за плаќање и тоа: 

Еднократно праќање со попуст: при уплата на целиот износ студентот добива попуст од 100 евра (оваа можност се однесува и во периодот на ран упис на академиите)

На рати со флексибилни опции: можност за плаќање до 20–месечни рати, без дополнителни трошоци и камати (бројот на рати и планот за исплата го дефинираме заедно со студентот).

Дали е потребно предзнаење?

За следење на програмата не е потребно претходно предзнаење во областа, но потребно е познавање од основни компјутерски вештини и посветеност кон програмата. Редовноста и активноста за време на часовите се клучни за постигнување на  резултати.

Каде се одвива наставата?

Наставата се одвива во просториите на Скала кои се лоцирани на Бул. Св. Климент Охридски, бр. 16

Што ќе научам од академијата?

Во рамки на академијата ќе стекнеш практични знаења и вештини во областа на ентериер дизајнот. Ќе учиш како да развиваш концепти за ентериер, од идеја до реализација, преку техничко цртање, скицирање и разбирање на конструктивни и материјални решенија.

Ќе работиш со професионални алатки како 3ds Max, SketchUp, Rhino и CAD софтвери, како и техники за 3D моделирање, рендерирање и презентација на простор. Преку реални проекти ќе развиеш вештини за дизајн на станбени и комерцијални ентериери, комбинирајќи естетика и функционалност, со примена на современи технологии и AI алатки, во соработка со ментори и професионалци од индустријата.

Што по завршување на академијата?

Програмата на академијата завршува со заедничко подготвување на завршната студентска изложба, настан на кој се изложуваат проектите на студентите од академиите за дизајн и се доделуваат дипломи и уверениај на сите студенти во Скала. По завршување на програмата студентите своите веќе изработени портфолија ги презентираат пред избрани компании од индустријата кои селектираат студенти кои продолжуваат на пракса или пак добиваат понуда за вработување.

Trusted by

Направи поволен финансиски план

Уплата до 15 мај

Уплата до 20 рати без камата
102 Месечно
  • заштеда од 500€ за рана уплата
  • 100€ попуст за уплата на целиот износ
  • 50€ попуст за секоја препорака
  • твојата желба за студирање е наш приоритет
Активно

Уплата до 15 јули

Уплата до 18 рати без камата
125 Месечно
  • заштеда од 300€ за рана уплата
  • 100€ попуст за уплата на целиот износ
  • 50€ попуст за секоја препорака
  • твојата желба за студирање е наш приоритет

Уплата до 15 септември

Уплата до 16 рати без камата
153 Месечно
  • заштеда од 100€ за рана уплата
  • 100€ попуст за уплата на целиот износ
  • 50€ попуст за секоја препорака
  • твојата желба за студирање е наш приоритет

Студентите создаваат

Студент Vs. Ментор

Видео рубрика каде што студентите имаат можност да поразговараат еден на еден со менторите и да ги прашаат згодни и незгодни прашања.

Гордана Вренцоска

Магистрирала дизајн на Central Saint Martins School of Art & Design. Авторка е на бројни уметнички и дизајнерски проекти, стручни и научни текстови, и книги. Редовен професор и деканка на ФАД и Менторка на Академија за графички дизајн во Скала..

Немња Пејиќ

Завршил во средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“ на смерот сликарство. Денес студент на Академијата за графички дизајн, и тату-артист.

Последни новости

UX/UI+ дизаjн /
графички дизаjн /
визуелни уметности /
UX/UI+ дизаjн /
графички дизаjн /
визуелни уметности /
фотографиjа /
моден дизаjн /
ентериер и продукт дизаjн /
фотографиjа /
моден дизаjн /
ентериер и продукт дизаjн /

Истражи ја твојата креативност и талент со Скала

скала студенти дигитален маркетинг човечки ресурси продукт оунер програмирање софтвер тестер графички дизајн
×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме:

×
скала скул-џолев-академии

Остави инфо да те контактираме: